20 Април, 2024
0.0284

Слободно движење на стоки - пречки со кои се соочуваат земјите од Западен Балкан

Објавено во: Мои пари 12 Декември, 2019

Добивај вести на Viber

Поздравувајќи ги постигнувањата направени во рамките на ЦЕФТА, напорите што се преземаат за имплементација на Повеќегодишниот акциски план за креирање регионална економска област од страна на Регионалниот совет за соработка (РCC), како и Договорот за транспортна заедница и други регионални иницијативи, пред започнувањето на ЦЕФТА-неделата којашто ќе се одржи во Тирана, Р. Албанија, во периодот од 16-18 декември 2019 година, коморите од регионот во рамките на Коморскиот инвестициски форум, уште еднаш ги потенцираат проблемите со кои се соочуваат бизнис заедниците, како и предлозите, коишто доколку се прифатат и се имплементираат, ќе доведат до побрзо движење на стоките во регионот на Западен Балкан .

Повеќето предлози се однесуваат на постапките на граничните премини, процедурите за увоз и извоз, физичката инфраструктура на границите (организирањето на царината и други агенции на границите), но исто така се однесуваат и на неопходната транзиција кон електронски и нехартиени системи, заедно со меѓусебното усогласување и признавање на сертификатите и документи што ја придружуваат стоката.

  • Времето на чекање на граничните премини е еден од најголемите проблеми во регионот на Западен Балкан, но исто така и меѓу Западен Балкан и Европската унија, а истото зависи од: времето на чекање поради гужва и времето поминато за административни работи (во регионот на Западен Балкан тоа е времето поминато за пополнување и доставување на национална транзитна декларација - бидејќи само Србија и Северна Македонија се во Заедничката транзитна конвенција ). Решението на овој проблем бара систематски пристап, со којшто ќе се опфатат и останатите проблеми наведени подолу.
  • КИФ продолжува со поддршка и на останатите 4 земји од регионот - Албанија, БиХ, Косово и Црна Гора за исполнување на условите и пристапување во Заедничката транзитна конвенција. Откако е имплементиран во Србија и во Северна Македонија, НКТС системот значително влијае на трошоците и времето поминато во процесот на извоз и увоз на стоки.
  • КИФ се залага за спроведување на најмалку две линии за камиони на премините на границите, од кои едната би останала за камиони во рамките на националниот режим на транзит и извозниот режим (NТ), додека другата линија би била назначена за камиони во режимот Т1 и ТIR, за расиплива стока, за носители на ОЕО сертификати , без оглед на режимот и за празни камиони. Во моментот, повеќето гранични премини се со постар дизајн, којшто датира од 90-тите години, со една, ретко две ленти за процесирање. Камионите се процесираат на принцип прв дојден прв услужен, без да се остави простор за избор на камиони во зависност од нивото на контрола и видот на стоката (што е голем проблем за компаниите кои извезуваат и увезуваат расипливи производи).

· Редиците често се случуваат како директен резултат на неусогласеното работно време, особено на владините агенции кои вршат инспекција . Инспекциите имаат работно време од понеделник до петок, и тоа најчесто во една или евентуално две 8-часовни смени. Друг проблем е промената на смените кај цариниците - на пример, во Србија смената на граничните премини е во 7:00 часот и во 19:00 часот, каде во двата наврата промената на смената создава застој што го зголемува времето на чекање.

СЛОБОДНО ДВИЖЕЊЕ НА СТОКИ - ПРЕЧКИ СО КОИ СЕ СООЧУВААТ ЗЕМЈИТЕ ОД ЗАПАДЕН БАЛКАН

· Во сите земји на Западен Балкан, освен во Косово, фитосанитарните /ветеринарните/санитарните контроли при пристигнувањето на увезената стока се вршат на граничните станици. Резултатите од мониторингот на косовските граници, на коишто контролите се вршат на терминали во земјата, а не на границата, покажуваат дека ваквиот начин на вршење контрола може значително да ги растовари граничните премини.

  • Потребно е да се поттикне прекугранично усогласување на капацитетите за давање дозволи , бидејќи сегашната состојба покажува дека постојат разлики во капацитетите од двете страни на граничните премини.
  • Зајакнување на употребата на електронски системи и без хартиени процедури - Повеќето од земјите од регионот сè уште немаат можност за доста на документација за извоз и увоз по електронски пат, а на голем број од нив исто така им недостасува и систем за електронска достава на документи за транзит.
  • Покрај тоа, во сите шест земји од регионот, прекуграничните сертификати, меѓу кои и Фитосанитарниот сертификат, EUR 1 сертификатот и ЦМР се во хартиена форма. Електронски стандарди за овие сертификати постојат и се спроведени со меѓународни конвенции (е-Phyto, е-CMR), чиешто воведување треба да биде поддржано и спроведено и во сите шест земји од регионот .
  • Потребен е заеднички напор, царините на сите шест земји да спроведат електронско доставување на документација за извоз и увоз, вклучувајќи ги и прекуграничните сертификати. Потребно е поврзување на овие системи помеѓу царината и системите за управување на Европската унија, што ќе претставува чекор напред кон интегрирањето на регионот во ЕУ.
  • Идејата на Новиот компјутеризиран транзит систем (НКТС) во рамките на Заедничката транзитна конвенција е да се избегне употреба на хартиени документи и целосно да се дигитализираат податоците во системот, што од друга страна ја забрзува размената на податоци помеѓу царините и цариниците . Сепак, во Србија хартиените копии од документите се` уште се доставуваат, бидејќи се случува на одредени компании, царината се` уште да им бара копии од документи во хартиена форма. Ова се случува и во други институции каде што веќе е имплементирана дигитализацијата. Потребно е владите да преземат обврска за целосна имплементација на дигитализацијата и да ги отстранат барањата за хартиени документи, особено за податоци што веќе се внесени во компјутеризирани системи.
  • СЛОБОДНО ДВИЖЕЊЕ НА СТОКИ - ПРЕЧКИ СО КОИ СЕ СООЧУВААТ ЗЕМЈИТЕ ОД ЗАПАДЕН БАЛКАНПодобрена употреба на системот за анализа на ризик - Царинските инспектори имаат пријавено случаи каде што времето за проверка на електронски доставени податоци драстично варира, особено кога има многу ХС-кодови. Во Србија постои услов 10-13% од артиклите да бидат проверени, што од друга страна скоро секогаш завршува со дополнителен инспекциски надзор. Покрај тоа, доколку компанијата внесе погрешен код за одреден продукт, системот ги означува како погрешни сите продукти со тој код наместо да ја означи компанијата што направила грешка.
  • Се ` уште не е воспоставена целосна имплементација на поедноставените царински постапки - Проблемот повторно се појавува при инсистирање на царината за достава на документите во хартиена форма, како и во неможноста за завршување на постапките по истекување на работното време, за што се` уште се бара претходна најава.
  • Програмата за Овластен економски оператор (ОЕО), треба да биде покорисна и за увозниците и за извозниците, што вклучува дополнителни придобивки за компаниите коишто поседуваат лиценца за ОЕО, како на пример, поедноставен данок на поврат, дополнителни ленти за премин на стоката на граничните премини и сл. Меѓусебното препознавање на статусот ОЕО ќе ја направи програмата покорисна за увозниците и со тоа ќе се мотивираат поголем број компании да добијат ваква лиценца.

· Спроведување одлука донесена од надлежните органи во шесте земји од регионот за прифаќање на документи издадени од акредитирани лаборатории за индустриски производи.

· Следењето на здравјето на растенијата и стандардите за безбедност на храната и контролните практики на инспекциите се разликуваат во шесте земји од регионот. Правната рамка и инспекциските практики треба да бидат усогласени и приспособени со стандардите на Европската унија.

  • Системите за плаќање давачки и даноци на царината во сите шест земји се слични, а плаќањето најмногу се врши со директен трансфер на средства од сметка на сметка, за што е потребно подолго време плаќањето да се прикаже на сметката на царината. Во најголем дел, плаќањето е ограничено на работното време на банката, па дури и во Србија каде плаќањата можат да се обработуваат моментално преку електронско банкарство, чекањето се случува на страната на царината на која `и е потребен најмалку 1 час да го потврди плаќањето. Во Албанија и во Косово постојат припејд сметки, но и со овој систем малку време се заштедува заради фактот што банката сепак треба да ја потврди исплатата, што е повторно возможно само во текот на работното време на банките. Потребно е координирано да се работи на реформа на наплатните системи и системот за внатрешна царинска потврда во земјите од Западен Балкан, што ќе доведе до полесно електронско плаќање и итна потврда на прием на средствата од страна на царината, што во спротивно ќе им заштеди време и пари на компаниите при секој извоз, односно увоз на стоки во регионот.

Имајќи ги предвид изнесените препораки, Стопанската комора на Македонија ја поздравува новата Одлука на Владата на Република Србија за промена на распоредот на работното време на српските фитосанитарни и ветеринарни инспекциски служби на граничните премини Прешево (кон Република Северна Македонија) и Хоргош (кон Унгарија).

СЛОБОДНО ДВИЖЕЊЕ НА СТОКИ - ПРЕЧКИ СО КОИ СЕ СООЧУВААТ ЗЕМЈИТЕ ОД ЗАПАДЕН БАЛКАНСогласно новиот распоред на работното време,

инспекциските служби ќе ги извршуваат своите работни должности 24 часа, 365 дена во годината, со работно време од 00:00-24:00.

Со оваа измена, којашто потекнува од заедничката иницијатива за креирање на „мал шенген“, ќе бидат надминати дел од досегашните тешкотии со коишто се соочуваат извозните компании и значително ќе се подобри протокот на стоки во регионот на Западен Балкан. Коморскиот инвестициски форум и во наредниот период ќе продолжи со активности за надминување на горе наведените проблеми и спојување на регионот во единствена регионална економска област.


Можеби ќе ве интересира

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга