20 Април, 2024
0.0291

Слободно капење во Охридското езеро

Објавено во: Македонија 22 Јули, 2019

Добивај вести на Viber

Последните анализи спроведени од Центарот за јавно здравје во Охрид покажуваат дека водата во Охридското Езеро е безбедна за капење, спорт и рекреација.

Директорот на Центарот Сашо Точков појасни дека ситуацијата со микробиолошкото загадување на водата во делот на крајбрежјето на плажата кај вливот на реката Грашница е надмината, а анализите спроведени на 15 односно 17 јули покажуваат дека водата на тој дел од крајбрежјето е од втора категорија односно безбедна за капење.

– На местата каде претходно беше регистрирана трета класа сега водата е почиста односно од втора класа и може да се користи. За ова се известени инспекциските служби за да постапат по однос на воведената забрана, се надевам тоа да се реши деновиве. Делот кај река Грашница е повторно загаден, таму водата е од трета класа, но тој потег не се користи за капење. Во останатиот крајбрежен дел водата е од прва и втора класа, истакна Точков.

Според информациите од Центарот, нивни екипи вршат редовни контроли и на квалитетот на водата од јавните чешми, при што наодите покажуваат дека истата е исправна за пиење. Кај водата од „Билјанини извори” забележлив е променлив карактер во квалитетот, но последните анализи покажуваат дека таа е безбедна за пиење.



Можеби ќе ве интересира

КРИВИЧНА ПРОТИВ ОЛИВЕР СПАСОВСКИ: Синдикатот на полицијата oбвинува за несовесно работење

КРИВИЧНА ПРОТИВ ОЛИВЕР СПАСОВСКИ: Синдикатот на полицијата oбвинува за несовесно работење

ВАНКОВСКА: Kамшикот му се дава на Грк, Преспа мора да се раскине

ВАНКОВСКА: Kамшикот му се дава на Грк, Преспа мора да се раскине

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ЗА РУСКОТО ВЛИЈАНИЕ: Ако има политички актери некои, тие се маргинални

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ЗА РУСКОТО ВЛИЈАНИЕ: Ако има политички актери некои, тие се маргинални

КРАДЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ПОДИГАЊЕ НА БРЗИ КРЕДИТИ: Koлку пријави има годинава во полиција?

КРАДЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ПОДИГАЊЕ НА БРЗИ КРЕДИТИ: Koлку пријави има годинава во полиција?

НАЈЧЕВСКА: Почнаа наддавањата на големите партии кој колку ќе им ги покачи пензиите на пензионерите

НАЈЧЕВСКА: Почнаа наддавањата на големите партии кој колку ќе им ги покачи пензиите на пензионерите

СТУДЕНО УТРО ВО МАКЕДОНИЈА: Каде се измерени температури под нулата?

СТУДЕНО УТРО ВО МАКЕДОНИЈА: Каде се измерени температури под нулата?

НАПРАВИЛЕ ШТЕТА НА БУЏЕТОТ НА БОГДАНЦИ: Поднесена е кривична пријава против градоначалникот и вработена во урбанизам

НАПРАВИЛЕ ШТЕТА НА БУЏЕТОТ НА БОГДАНЦИ: Поднесена е кривична пријава против градоначалникот и вработена во урбанизам

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители