Словачка го донесе Forbes Самитот, следниот е во Скопје?
Објавено во: Мои пари 08 Јуни, 2019
Во моментов се случува првиот ‘’Forbes under 30 Global Retreat’’ Самит во Братислава. Форбес во партнерство со владата на Словачка организира четиридневен самит на кој покани 100 Форбес под 30 учесници и 50 VIP’s. На првиот ден од конференцијата што започна вчера се појави поранешниот формула 1 шампион Нико Росберг кој сега инвестира во стартапи и идеи.
И Македонија има свои гости на самитот. Младиот Бојан Коскаров кој оваа година се најде на листата на Форбес со концептот на професионален тренинг центар ‘’Creative Hub’’ беше поканет на овој четиридневен бреинсторминг.
Во најава се и францускиот претседател Емануел Макрон како и претставници од шест владини делегации.
Од телефонски разговор со Бојан дознаваме дека веќе е разговарано со претставници од Владата наскоро да се одржи ‘’Forbes under 30 Global Retreat’’ и во Скопје. Испратена е и покана до главниот уредник и основач на концептот ‘’Forbes Under 30’’, Рандал Лејн да биде гостин во Македонија.
Овие четири дена Братислава е во центарот на медиумска покриеност поради настанот, а ние се надеваме дека следниот ќе ‘’Forbes under 30 Global Retreat’’ ќе биде во Скопје.