СЛОВЕНЦИТЕ ЗАГРИЖЕНИ: Бројот на инфицирани oд корона се зголеми на 57
Објавено во: Балкан 11 Март, 2020
Драматичен раст на бројот на заразените со коронавирусот има во Словенија.
Бројот на инфицирани се зголеми на 57.
Во Љубљанскиот регион досега се потврдени 27 случаи, 12 случаи има на подрачјето на Долењска и Бела Крајина, што е поширокото подрачје на Ново Место, по три во Штаерска чиј центар е Марибор, и на словенечкото Приморје чиј центар е Копер, а двата последни случаи се регистрирани во Прекумурје, со центар во Морска Собота.
Директорката на словенечкиот Институт за јавно здравје, Нина Пирнат, изјави дека во меѓувреме е потврден и еден случај на зараза меѓу станарите во дом за стари лица во Метлика, во Бела Крајина.
Словенија ја затвори границата со Италија. Границата се затвора за патнички возила, додека товарните и натаму ќе можат слободно да ја минуваат границата.
Во Албанија веќе има починат од корона.
Сите балкански држави преземаат мерки за заштита.