26 Април, 2024
0.0278

СЛОВЕНИЈА 15 ГОДИНИ Е ВО ЕУ: Еве со што можат да се пофалат

Објавено во: Економија 21 Мај, 2019

Добивај вести на Viber

Словенија 15 години е во Европската Унија, но има и резултати со кои може да се пофали.

За 15 години Словенија стана побогата, економски подинамична и поуспешна, зголемени се настаните во културата, народот е еколошки освестен, а државата го зголемила животниот век на своето население и на децата им овозможила подобра грижа и образование.

Словенечката амбасада во Загреб на својата фејсбук-страница објави интересни податоци по повод 15-годишнината од влезот на земјава во ЕУ. Преку презентираните бројки може да се забележи дека Словенија профитирала на многу различни полиња по влезот во Унијата, пренесува хрватски „Индекс“.

Според објавата, бројот на жители на Словенија во изминатите 15 години се зголемил од 1.997.004 на 2.070.050 жители. Просечниот животен век на мажите во 2004 година бил 73,48 години, а денес е 78,05 години, додека кај жените тогаш бил 81,08, а денес е 83,66 години. Бројката на деца во претшколското образование од 61,4 отсто се искачи на 80,4 отсто.

Во овој период бројот на стартап-компании во 2004 година бил 9.106, додека во 2019 година тој се искачил на 18.631. Словенците од влезот од ЕУ ги зголемиле и средствата кои ги издвојуваат од бруто домашниот производ за животната средина (од 0,91 на 1,24 отсто), настаните во институциите во културата (од 12.400 на 22.025 настани), како и бројот на нивни посетители од 2,6 милиони на 4,35 милиони посетители.

Пораснал и словенечкиот БДП по глава на жител во изминатите 15 години, од 13.900 евра на 22.182 евра, додека просечната нето плата скокнала од 700 на 1.100 евра.

Можеби ќе ве интересира

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија