26 Април, 2024
0.0295

Словенија, Хрватска, Србија со загрижувачка стапка на самоубиства, Македонија меѓу оние со најмала

Објавено во: Македонија 17 Јули, 2018

Добивај вести на Viber

Македонија ја има една од најмалите стапки на самоубиства во Европа, покажуваат податоците на Евростат и на Заводот за статистика.

Евростат ги објави податоците за безмалку сите земји од Стариот континент и сите од ЕУ, каде што лидер е Литванија со 30,28 самоубиства на 100.000 жители. Следуваат Словенија со 20,72 самоубиство на 100.000 жители, Летонија и Унгарија со стапка од 19,34 и 19,03, Хрватска со 17, 32, Белгија со 16,85 , а потоа Естонија со 16,0. 

Не постои графа за Македонија, но според нашите пресметки, ако се знае дека во истата година (2015-та) во нашата земја како што евидентира Заводот за статистика се случиле 114 самоубиства, се работи за 5,7 одземени животи по сопствена волја на 100.000 луѓе.

Од преостанатите земји од соседството Србија има стапка од 15,03 самоубиства на 100.000 жители, а Бугарија има стапка од 9,33.

2015-та година е една од годините кога Македонија има најмал број на вакви трагични случаи, а лани (2017-та) имаше најмалку од осамостојувањето, или вкупно 111, додека рекордот е 179 во 2004-та.

Најмалку самоубиства имало во Лихтенштајн (2,49), Кипар (4,45) и Грција (4,69). Според евиденцијата, Македонија следува по овие земји. Слободно може да се каже дека Грција и Македонија се најдобри на ова поле во земји со над еден милион жители.

Од поголемите земји Франција има стапка од 14,14, Германија со 11,67, Британија со 7,35 и Италија со 6,7.

Истата година во цела Европска унија се самоубиле 56.000, а по апсолутни бројки најмногу животот си го одзеле во Германија (10.166) и Франција (9.156).

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се сумираат резултатите од изборите, Силјановска со голема разлика пред Пендаровски

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се сумираат резултатите од изборите, Силјановска со голема разлика пред Пендаровски

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?

МИЦКОСКИ: Мобилизацијата на граѓаните ќе биде одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг

МИЦКОСКИ: Мобилизацијата на граѓаните ќе биде одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот