СЛОВЕНИЈА ИМА ГОЛЕМ БРОЈ ИМИГРАНТИ: Дури 43 отсто се доселиле од БиХ
Објавено во: Балкан 15 Декември, 2019
Лани на почетокот од годината во Словенија живееле 250.000 имигранти, што претставува 12 отсто од вкупното население.
Словенија се најде на 16-то место во ЕУ според бројот на странци, покажуваат најновите податоци на словенечкиот Завод за статистика.
Се смета дека Словенија е една од четирите земји на ЕУ со најголем удел на имигранти кои имаат државјанство, покрај Хрватска, Шведска и Холандија. Овој удел во Словенија е 55 проценти, од кои 94 проценти биле мигранти кои се преселиле во земјата додека таа сè уште била дел од Југославија, пред јуни 1991 година. Од натурализираните Словенци, 70 отсто се од поранешна Југославија, при што најголем број се од БиХ – дури 43 отсто и поголем број од Косово.