Словенија ја зафати корона цунами
Објавено во: Балкан 18 Јануари, 2022
Словенија ја зафати вистинско корона цунами, а тоа го покажуваат и бројките на заразени.
Од 13.803 направени тестови, позитивни на коронавирусот се 8.681 луѓе. Ова е нов „црн“ рекорд за оваа земја од самиот почеток на пандемијата, а словенечката влада сега повторно ги менува правилата за карантинот. Како што истакна словенечкиот премиер Јанез Јанша, нови правила ќе важат за патниците, а ќе биде скратена и домашната изолација од десет на седум дена. Се очекува пикот на овој бран поттикнат од омикрон да биде достигнат кон крајот на јануари или почетокот на февруари. Минатата недела во Словенија се потврдени скоро 45.000 нови случаи.