28 Март, 2024
0.0377

СЛОВЕНИЈА ЌЕ ГИ ВАКЦИНИРА МАТУРАНТИТЕ - за да можат мирно да ги подготват завршните испити, а ќе добијат АстраЗенека

Објавено во: Балкан 16 Април, 2021

Добивај вести на Viber

Во Словенија пет лица починаа од последици од ковид-19 во последните 24 часа, а регистриран е број од 860 новозаразени.

Веста што доаѓа од таа држава е дека Владата вклучила матуранти во приоритетна група за вакцинација, за да можат мирно да се подготват за инаку стресните завршни испити.

Одлуката за вакцинирање на матурантите како приоритетна група е донесена и покрај некои резервирани ставови, така што тие би можеле да се концентрираат на учење во стресен период кога веќе се многу зафатени, но основните напори се уште се да се вакцинираат постарите луѓе што е можно поскоро, како ризични групи на население, објасни Весна Керстин Петриќ од Министерството за здравство на владината прес-конференција.

Вакцинацијата за матурантите, како и за остатокот од популацијата, е на доброволна основа, а ќе започне на крајот на следната недела, и заедно со нив ќе бидат вакцинирани и нивните родители.

„Матурантите, како и сите, ќе се вакцинираат со првата достапна вакцина, што значи дека ќе ја примат првата доза на вакцина АстраЗенека“, рече Петриќ.

Таа додаде дека Владата ги стави и родителите на деца со хронични болести на приоритетната листа, со мали измени во стратегијата за вакцинација.

Бројот на новоинфицирани е значително помал отколку пред една недела

Словенечката влада во петокот објави дека 860 нови инфекции се потврдени во последните 24 часа од 4.553 тестови, што е 20,2 проценти од позитивните резултати на сите испитани.

Бројот на новоинфицирани е значително помал од пред 7 дена, кога беше висок 1.279, иако инциденцата на нови инфекции е сè уште прилично голема и е 290, изјави владиниот претставник Урош Орбанија.

Ова покажува дека 11-дневните мерки за затворање дадоа одличен резултат, рече Орбанија.

Сепак, состојбата во болниците сè уште не се смирува и во нив во моментов има 639 пациенти, 15 повеќе од претходниот ден и 152 на единиците за интензивна нега, два повеќе од вчера.

Во Словенија, првата доза на вакцина досега е дадена на 360.450 лица, а две на 136.582, или 6,5 проценти од населението, објави Националниот институт за јавно здравје.

Извор: Индекс.хр

Можеби ќе ве интересира

ИТНО СЕ ПОВЛЕКУВА ЧОКОЛАДО ОД ПАЗАРОТ ВО ХРВАТСКА! Доколку го имате, веднаш фрлете го

ИТНО СЕ ПОВЛЕКУВА ЧОКОЛАДО ОД ПАЗАРОТ ВО ХРВАТСКА! Доколку го имате, веднаш фрлете го

ОТКРИЕН ВОЗАЧОТ НА „ПУНТОТО“ ЗАБЕЛЕЖАНО ВО СЛИЧНО ВРЕМЕ КОГА ИСЧЕЗНА ДАНКА - истрагата продолжува

ОТКРИЕН ВОЗАЧОТ НА „ПУНТОТО“ ЗАБЕЛЕЖАНО ВО СЛИЧНО ВРЕМЕ КОГА ИСЧЕЗНА ДАНКА - истрагата продолжува

ЖИТЕЛИТЕ НА БЕЛГРАД РЕВОЛТИРАНИ ОД ЦЕНАТА НА ПАРЧЕ ПИЦА? „Ви благодарам. Збогум“ (ФОТО)

ЖИТЕЛИТЕ НА БЕЛГРАД РЕВОЛТИРАНИ ОД ЦЕНАТА НА ПАРЧЕ ПИЦА? „Ви благодарам. Збогум“ (ФОТО)

НА МЕСТОТО КАДЕ ИСЧЕЗНА МАЛАТА ДАНКА: Српската полиција постави шатор

НА МЕСТОТО КАДЕ ИСЧЕЗНА МАЛАТА ДАНКА: Српската полиција постави шатор

ЗА ДАЧИЌ ОВА Е СКАНДАЛОЗНО: Прифатен e предлогот на Дора Бакојани Koсово да влезе во Советот на Европа

ЗА ДАЧИЌ ОВА Е СКАНДАЛОЗНО: Прифатен e предлогот на Дора Бакојани Koсово да влезе во Советот на Европа

ВЈОСА ОСМАНИ: Формирањето на ЗСО не се бара од Косово пред приемот во Советот на Европа

ВЈОСА ОСМАНИ: Формирањето на ЗСО не се бара од Косово пред приемот во Советот на Европа

ВУЛИН: Ќе се обидат да донесат резолуција дека Србија е геноцидна и да го уапсат Додик

ВУЛИН: Ќе се обидат да донесат резолуција дека Србија е геноцидна и да го уапсат Додик

ПОЛИЦИЈАТА ГО ОДЗЕМА ТЕЛЕФОНОТ НА МАЈКАТА НА ДАНКА: Лекар објасни колку време детето може да издржи без вода

ПОЛИЦИЈАТА ГО ОДЗЕМА ТЕЛЕФОНОТ НА МАЈКАТА НА ДАНКА: Лекар објасни колку време детето може да издржи без вода

ШУМАТА Е ПРЕГЛЕДАНА 15 ПАТИ, СЕ ЧЕШЛА И РЕЧНОТО КОРИТО: не запира потрагата по малата Данка од Бор

ШУМАТА Е ПРЕГЛЕДАНА 15 ПАТИ, СЕ ЧЕШЛА И РЕЧНОТО КОРИТО: не запира потрагата по малата Данка од Бор