23 Април, 2024
0.1383

СЛОВЕНИЈА ПРЕД ЗАКЛУЧУВАЊЕ, БОЛНИЦИТЕ ПРЕПОЛНИ: Им се заканува сценарио како од италијански Бергамо

Објавено во: Балкан 28 Октомври, 2021

Добивај вести на Viber

Надлежните велат дека околу 53 отсто од два милиони жители во Словенија се целосно вакцинирани

Словенечкиот министер за здравство вчера предупреди дека земјата може да се соочи со кошмарно сценарио доколку не ја спречи епидемијата на коронавирус која беснее низ земјите од Централна и Источна Европа со ниска стапка на вакцинација.

Јанез Поклукар рече дека има се помалку бесплатни кревети во болниците во Словенија, која има најголем број нови инфекции од јануари. Со повеќе од три илјади потврдени случаи за 24 часа, Поклукар рече дека заклучувањето е сигурно, пренесе агенцијата Асошиетед прес.

„Додека бевме ужаснати од ситуацијата во соседна Италија на почетокот на епидемијата, сега сме на пресврт поради ниската стапка на вакцинација и лесно би можеле да имаме сценарио од Бергамо“, рече Поклукар, мислејќи на италијанскиот град најтешко погоден од минатогодишната епидемија.

Надлежните велат дека околу 53 отсто од два милиони жители во Словенија се целосно вакцинирани.

Надлежните планираат да отворат повеќе одделенија за Ковид-19 бидејќи се пополнети 92 отсто од капацитетите на одделенијата за интензивна нега, рече министерот за здравство.

И другите земји од Централна и Источна Европа со ниска покриеност со имунизација бележат рекорден број на нови инфекции. Властите не сакаат да воведат некои ограничувања за да воспостават контрола врз ситуацијата.

Досега Словенија бараше од вработените Ковид сертификати за да дојдат на работа. Во Хрватска се потребни за работници во медицински и старечки дом, а во Србија за престој во кафулиња, ресторани и ноќни клубови после 22 часот. Романија повторно воведе построги мерки, вклучувајќи полициски час и затворање на некои јавни места.

Просечната стапка на вакцинација во Европската унија е околу 70 отсто, а во земјите од Централна и Источна Европа околу 50 отсто и пониска. И покрај големиот број на смртни случаи поврзани со Ковид во последните недели во регионот, стапката на вакцинација само малку се зголеми, според АП.

„Имаме оружје и ресурси, а тоа е вакцинација. И ние не ги користиме“, рече Поклукар.

Вчера и хрватските здравствени власти пријавија пораст на дневниот број заболени - околу 4.500. Секој друг тест во Загреб беше позитивен и се отвораат нови точки за тестирање, јави АП во соопштението на властите.

Лекарите во Србија соопштија дека меѓу пациентите кои се на респиратор се и деца и бебиња, додека неколкунеделното зголемување на бројот на заразени и хоспитализирани не стивнува.


Фото: freepik.com

Можеби ќе ве интересира

СНЕГ ЈА ПОКРИ ХРВАТСКА КАКО ДА Е БОЖИЌ: Невреме во Горски Котор, поплава во Пула, гром запали покрив од куќа во Ровињ... (ФОТО/ВИДЕО)

СНЕГ ЈА ПОКРИ ХРВАТСКА КАКО ДА Е БОЖИЌ: Невреме во Горски Котор, поплава во Пула, гром запали покрив од куќа во Ровињ... (ФОТО/ВИДЕО)

СРБИТЕ ЌЕ ЛЕТААТ СО ТАКСИ И ТОА Е ПРИЛИЧНО ДОСТА СЕРИОЗНО: Веќе потпишан меморандум со „Ербас“

СРБИТЕ ЌЕ ЛЕТААТ СО ТАКСИ И ТОА Е ПРИЛИЧНО ДОСТА СЕРИОЗНО: Веќе потпишан меморандум со „Ербас“

САД ДО СРБИЈА: Ќе мора да се соочите со резолуцијата за Сребреница

САД ДО СРБИЈА: Ќе мора да се соочите со резолуцијата за Сребреница

ПРИСТИГНА ОБДУКЦИСКИОТ ИЗВЕШТАЈ ЗА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Од што почина братот на убиецот на Данка?

ПРИСТИГНА ОБДУКЦИСКИОТ ИЗВЕШТАЈ ЗА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Од што почина братот на убиецот на Данка?

НАГЛО ПОСКАПЕ ЗЕМЈИШТЕТО ВО ВОЈВОДИНА: Хектар чини 120.000 евра

НАГЛО ПОСКАПЕ ЗЕМЈИШТЕТО ВО ВОЈВОДИНА: Хектар чини 120.000 евра

ЗА ВЛЕЗ ВО ЕУ: Србија мора да се откаже од Косово?

ЗА ВЛЕЗ ВО ЕУ: Србија мора да се откаже од Косово?

ПОДГОТВЕТЕ СЕ ПРЕД ДА ЗАМИНЕТЕ НА ПАТУВАЊЕ: Колку е патарината во Србија и земјите од регионот?

ПОДГОТВЕТЕ СЕ ПРЕД ДА ЗАМИНЕТЕ НА ПАТУВАЊЕ: Колку е патарината во Србија и земјите од регионот?

МНОГУ НАШИ НА ПЕЧАЛБА ВО ХРВАТСКА: Еве кои права ви следуваат и дали смеат газдите да ве тераат на прекувремена работа

МНОГУ НАШИ НА ПЕЧАЛБА ВО ХРВАТСКА: Еве кои права ви следуваат и дали смеат газдите да ве тераат на прекувремена работа

КУЌА НА КРИТ ЗА САМО 60 ИЛЈАДИ ЕВРА: Во грчки стил, пространа и е со тераса на покривот

КУЌА НА КРИТ ЗА САМО 60 ИЛЈАДИ ЕВРА: Во грчки стил, пространа и е со тераса на покривот