29 Март, 2024
0.0269

Словенија радикално го зголеми надоместот за невработеност, Македонците ќе треба да го знаат јазикот

Објавено во: Економија 13 Март, 2019

Добивај вести на Viber

Според предлогот за изменување и дополнување на Законот за организација на пазарот на трудот, Словенија го зголеми најнискиот надомест за невработеност од 350 евра бруто (275 евра нето) на околу 530 евра бруто (392 евра нето).

"Надоместокот беше низок и не беше променет од 2011. Во меѓувреме, се сменија минималните трошоци на живот и минималниот приход и поединецот кој останал без работа имаше тешкотии да опстане", изјави изјави министерот за труд, семејство, социјални работи и еднакви можности Ксенија Кламфер.

Сепак, наместо за овој надоместок работникот како досега да биде осигуран девет месеци по ред на едно работно место, тој ќе треба да мине барем 12 месеци во едно претпријатие со цел да се намалат злоупотребите.

Лицата постари од 55 години со најмалку 25 години стаж ќе го добиваат надоместокот дури 25 месеци. 

За странците да го добиваат надоместокот ќе бидат потребни основни познавања на словенечкиот јазик (ниво А2) за влез во регистарот на невработени за државјани на трети земји. На крајот на 2018 година, околу 7600 државјани на трети земја, главно од БиХ, Косово, Северна Македонија и Србија, беа регистрирани во регистарот на невработени лица.


Можеби ќе ве интересира

ПЛАТЕНИ СЕ 45 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 27 АКЦИИ НА „РЕПЛЕК“ - кој е инвеститорот во фармацевтската компанија

ПЛАТЕНИ СЕ 45 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 27 АКЦИИ НА „РЕПЛЕК“ - кој е инвеститорот во фармацевтската компанија

Од 1 април зголемена минимална плата во Грција

Од 1 април зголемена минимална плата во Грција

ДУИ со експанзија во угостителството

ДУИ со експанзија во угостителството

ПРОДАЖБАТА НА ВИНО ДОНЕСЕ ПРИХОДИ ОД 950 ИЛЈАДИ ЕВРА, НО ОВА НЕ БЕА ЛЕСНИ ДЕНОВИ ЗА „ПОПОВА КУЛА“ - скапа струја и шишиња, недостиг од работници...

ПРОДАЖБАТА НА ВИНО ДОНЕСЕ ПРИХОДИ ОД 950 ИЛЈАДИ ЕВРА, НО ОВА НЕ БЕА ЛЕСНИ ДЕНОВИ ЗА „ПОПОВА КУЛА“ - скапа струја и шишиња, недостиг од работници...

КИНЕЗИТЕ ДОБИВААТ УШТЕ ДВЕ ГОДИНИ РОК ЗА ИЗГРАДБА НА АВТОПАТОТ КОН ОХРИД: измените на законот пред пратениците, кој ќе го гласа?

КИНЕЗИТЕ ДОБИВААТ УШТЕ ДВЕ ГОДИНИ РОК ЗА ИЗГРАДБА НА АВТОПАТОТ КОН ОХРИД: измените на законот пред пратениците, кој ќе го гласа?

Во што „Стопанска банка Скопје“ вложи 40 милиони евра? Се спрема кредитна офанзива!

Во што „Стопанска банка Скопје“ вложи 40 милиони евра? Се спрема кредитна офанзива!

БРИТАНЦИТЕ ПЛАТИЛЕ ОДЛИЧНО ЗА НИВНИТЕ СВЕЧЕНИ ОДЕЖДИ, АМА „ЕДИНСТВО“ СЕПАК ОТИДЕ ВО МИНУС - еве што е маката на струмичкото претпријатие

БРИТАНЦИТЕ ПЛАТИЛЕ ОДЛИЧНО ЗА НИВНИТЕ СВЕЧЕНИ ОДЕЖДИ, АМА „ЕДИНСТВО“ СЕПАК ОТИДЕ ВО МИНУС - еве што е маката на струмичкото претпријатие

Фокус во Кина: Европските претпријатија гледаат на можностите за инвестирање во кинескиот Хубеи

Фокус во Кина: Европските претпријатија гледаат на можностите за инвестирање во кинескиот Хубеи

ЗА ЕДНО ЕВРО РУЧЕК И ПРЕВОЗ: Oва е најевтината земја за живеење

ЗА ЕДНО ЕВРО РУЧЕК И ПРЕВОЗ: Oва е најевтината земја за живеење