26 Април, 2018
0.0630

СЛОВЕНИЈА СЕ ЗАКАНИ НА ХРВАТСКА: Како и зошто ќе го саботираат нивниот туризам?

Објавено во: Балкан 12 Јануари, 2017

Словенија се закани на соседна Хрватска дека може да го саботира нивниот туризам. 

Словенечкиот министер за надворешни работи, Карл Ерјавец изјави дека Словенија може да ја саботира хрватската туристичка сезона. Ова ќе се случи ако Хрватска одбие да примени одлуки на арбитражен суд за Пиранскиот залив. Министерот вели дека ова сигурно ќе наштети на Хрватска. 

„Мислам на оние кои од Австрија и Германија преку Словенија ќе патуваат кон Хрватска. Ако тоа прашање биде отворено и ако арбитражната одлука не биде имплементирана, ќе има потешкотии и таа работа нема лесно да се реши“ - вели Ерјавец за ТВ Сити од Словенија.

Ерјавец додава дека Владата во Љубљана побарала од сите државни тела да се подготват за примена на арбитражната пресуда и извршување суверени права на места за кои во пресудата се вели дека се словенечки.

Тоа би можело да предизвика нови „блиски средби“ и инциденти меѓу словенечката и хрватската полиција на спорното морско подрачје во Пиранскиот залив. 

Според риечки Нови лист, Ерјавец „очигледно смислил план како би се саботирал патот на германски и австриски туристи низ Словенија кон Хрватска“.

Весникот додава дека таа скандалозна и недипломатска изјава најавува скорешна ескалација на словенечко-хрватскиот спор за судбината на арбитражната одлука на судот што се очекува оваа година.

Словенечките политичари очекуваа по промената на владата во Загреб и промена на одлуката за откажување од арбитража и за враќање на Хрватска во таа постапка. Сепак, Загреб соопшти дека за нив арбитражниот договор е мртов.

Хрватска и Словенија не успеваат 25 години да го решат тој спор со билатерални преговори.



Можеби ќе ве интересира

Шефиц: Целиот регион има миграциски потенцијал од околу 50.000 луѓе

Шефиц: Целиот регион има миграциски потенцијал од околу 50.000 луѓе

Koj сака да го отруе Еди Рама?

Koj сака да го отруе Еди Рама?

Телото на убиецот на Аркан најдено кај семафор

Телото на убиецот на Аркан најдено кај семафор

Во Јужна Африка е убиен убиецот на Аркан

Во Јужна Африка е убиен убиецот на Аркан

Koлку терористи од Западен Балкан се во редовите на ИД?

Koлку терористи од Западен Балкан се во редовите на ИД?

Вучиќ вели дека на Србија и претстои тешка борба за независноста

Вучиќ вели дека на Србија и претстои тешка борба за независноста

Нов бран мигранти - ќе ја преплават ли Грција?

Нов бран мигранти - ќе ја преплават ли Грција?

ТРАГЕДИЈА: Дете падна од балкон и почина, по што мајката се самоуби

ТРАГЕДИЈА: Дете падна од балкон и почина, по што мајката се самоуби

Забранет влез за Вулин во Хрватска, Србија ќе врати со контрамерки

Забранет влез за Вулин во Хрватска, Србија ќе врати со контрамерки