СЛОВЕНИЈА СО МЕРКИ ПРОТИВ ВИРУСОТ: Маските задолжително во затворено
Објавено во: Балкан 25 Јуни, 2020
Словенечкото
министерство за здравство потврди нови шест случаи на заразени со корона
вирусот во последните 24 часа, заради што Владата на Словенија веднаш донесе одлука, заштитните маски да
бидат повторно задоложителни за граѓаните во затворени објекти, како и во
јавниот превоз.
Инаку, до сега во Словенија се регистрирани вкупно 1.547 лица, позитивни на Ковид-19, а само 7 се хоспитализирани. Смртни случаи од почетокот на епидемијата има вкупно 111.
Словенечката Влада информира дека новите случаи се лица кои дошле од странство, но бројот се зголемува поради укинувањето на рестриктивните мерки.