СЛОВЕНИЈА ВО ПОРТОКАЛОВАТА ЗОНА: Премиерот Јанша најави набрзо крај на епидемијата на Ковид
Објавено во: Балкан 12 Јуни, 2021
Во словенечките
болници моментално има 165 пациенти, седум помалку од претходниот ден, а четири
болни пациенти починале во последните 24 часа, објави Министерството за
здравство на Словенија.
„Се приближуваме до точката кога епидемијата ќе биде запрена“, кажа премиерот Јанез Јанша на Твитер, коментирајќи ги новите податоци за инфекциите и бројот на вакцинирани лица досега. Досега во Словенија се вакцинирани 753.000 лица.
Покрај тоа, Јанша изјави дека покрај оние кои се вакцинирани, треба да се додадат и оние кои веќе биле заразени и ја надминале инфекцијата, што создава уште поголем простор за оптимизам.