18 Април, 2024
0.0249

Смешно или интересно: Италијански милионер си го истетовира својот лик на грбот

Објавено во: Стил 11 Март, 2018

Добивај вести на Viber

Милионер од Италија, Џанлука Ваки на грбот си го истетовира својот лик и на Фејсбук се пофали со новата тетоважа.
Педесет годишниот милионер инаку е многу активен на социјалните мрежи и главно се појавува во гаќички за капење или во многу кратки панталони.
Тој минатата година имаше финансиски проблеми, бидејќи банка поради долг од 10,5 милиони евра му ги заплени јахтите и недвижностите.

Ексцентричниот Ваки овој долг го нарече „мал и неважен“.


Неговото семејство е сопственик на фармацевтска компанија, а тој го наследи богатството. Ако се суди според фотографиите кои ги објавува Ваки е зависник од теретана и тетоважи. Тој често настапува и како диџеј.

Можеби ќе ве интересира

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

ГАБОР МАТЕ ОТКРИ ШТО ПРОПУШТАТЕ ВО ЖИВОТОТ: Tоа никој нема да ви го врати утре

ГАБОР МАТЕ ОТКРИ ШТО ПРОПУШТАТЕ ВО ЖИВОТОТ: Tоа никој нема да ви го врати утре