27 Септември, 2023
0.0273

Smirnoff, Johnny Walker, Baileys... ЌЕ ГИ НЕМА НА РУСКОТО МЕНИ - познатиот производител на вотка ја напушта државата, се ќе заврши за шест месеци

Објавено во: Свет 30 Јуни, 2022

Добивај вести на Viber

Британскиот производител на алкохолни пијалоци Diageo, производителот на вотката Смирноф, ја напушта Русија поради притисокот на западните санкции против Москва поради Украина, соопштија претставниците на компанијата.

„Донесовме тешка одлука за постепено укинување на комерцијалните активности во Русија“, изјави претставник на компанијата за новинарите во вторникот, пренесе новинската агенција Интерфакс.

Излегувањето од рускиот бизнис ќе трае шест месеци, а сите работници на компанијата во Русија ќе бидат обештетени, изјави тој.

Diageo е еден од најголемите светски производители на алкохолни пијалоци, кој поседува популарни брендови како Smirnoff, Johnny Walker, Guinness, Baileys ...

Според веб-страницата на компанијата, Diageo доставува пијалоци за околу 70.000 продавници и 19.000 ресторани и барови низ Русија.

Diageo престана да извезува производи за клиенти во Русија во март, веднаш откако Москва започна воена операција во Украина. Во тоа време, компанијата ја наведе „состојбата на глобалните синџири на снабдување“, која кризата во Украина дополнително ја влоши, како причина за прекин на извозот. Од март, компанијата наводно ги продаде сите свои руски акции.

Diageo започна да извезува на рускиот пазар во 2006 година, а во 2020 година почна да флашира виски Bells и White Horse во дестилерија во Санкт Петербург.

Брендот Смирноф е роден во 1864 година, кога Пјотр Арсенијевич Смирнов отворил дестилерија за вотка во Москва. По бегството од Русија, по револуцијата во 1917 година, семејството Смирнов се обиде да го воспостави овој бренд во неколку земји пред да се насели во САД и на крајот да ја продаде компанијата.

Фото: ЕПА

Можеби ќе ве интересира

СВЕТОТ ЗА ОВА НЕ Е ПОДГОТВЕН: Глобално предупредување

СВЕТОТ ЗА ОВА НЕ Е ПОДГОТВЕН: Глобално предупредување

(ВИДЕО) Шојгу откри кога ќе заврши војната во Украина

(ВИДЕО) Шојгу откри кога ќе заврши војната во Украина

Koja е најдобрата земја за живеење во Европа?

Koja е најдобрата земја за живеење во Европа?

Сопственик на ресторан нуди плата од 11.000 евра, но се уште не може да најде работници

Сопственик на ресторан нуди плата од 11.000 евра, но се уште не може да најде работници

ЛОША ВЕСТ ЗА ПУТИН, НЕМА ПОКАНА ЗА САМИТОТ НА АПЕК - Руски дипломат: „демонстрација на нечесноста на американската страна“

ЛОША ВЕСТ ЗА ПУТИН, НЕМА ПОКАНА ЗА САМИТОТ НА АПЕК - Руски дипломат: „демонстрација на нечесноста на американската страна“

„ПУТИН СО ПОМОШ НА ВУЧИЌ, ПРЕКУ КОСОВО, МОЖЕ ДА ГО ВТУРНЕ БАЛКАНОТ ВО ВОЈНА“: Шокантно тврдење на „Ди Велт“

„ПУТИН СО ПОМОШ НА ВУЧИЌ, ПРЕКУ КОСОВО, МОЖЕ ДА ГО ВТУРНЕ БАЛКАНОТ ВО ВОЈНА“: Шокантно тврдење на „Ди Велт“

(ВИДЕО) Синот на Кадиров тепа човек кој го запалил Куранот

(ВИДЕО) Синот на Кадиров тепа човек кој го запалил Куранот

КИНА ГО СЛАВИ СВОЈОТ НАЦИОНАЛЕН ДЕН, ЕКС ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ИВАНОВ Е ПОЧЕСЕН ГОСТИН: Македонија и Кина 30 години градат цврсти односи

КИНА ГО СЛАВИ СВОЈОТ НАЦИОНАЛЕН ДЕН, ЕКС ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ИВАНОВ Е ПОЧЕСЕН ГОСТИН: Македонија и Кина 30 години градат цврсти односи

Дуда потврди дека сепак и натаму ќе испраќаат оружје во Украина

Дуда потврди дека сепак и натаму ќе испраќаат оружје во Украина