Снег во мај на Макарска
Објавено во: Балкан 16 Мај, 2018
Температурите нагло паднаа во Хрватска, а во Макарска падна снег.
Температурата на биоковскиот врв Свети Јуре падна на нула степени, а дождот премина во снег.
Во попладневните часови, температурата долж брегот беше само 12 степени, што е пад за околу 15 степени во споредба со минатата недела.
Имаше дожд и грмотевици, а вечерта во средината на Јадранско Море имаше „водено торнадо“.