Снегот го промени возниот ред на ЈСП
Објавено во: Македонија 22 Март, 2018
Според денешното известување од ЈСП „Скопје“ поради снегот се скратени или не сообраќаат повеќе градски и приградски автобуски линии.
Не сообраќаат автобусите со број 69 и 69а.
Според информациите од ЈСП „Скопје“, автобусот со број 25 место до Средно Водно сообраќа до Панорама, а автобусот со број 28 место до Нерези (Македонско село) сообраќа само до Козле.
Од приградските линии, автобусот со број 65 место до селото Раштак сообраќа до Црешево, а 81 место до Блаце сообраќа до Горњани, а 160 место до Горна Матка до војската.
Во зависност од временските услови се очекува поголем дел од овие линии повторно нормално да сообраќаат.