29 Септември, 2024
0.0283

СНЕМУВА ИНТЕРНЕТ И ТЕЛЕФОНСКА МРЕЖА: Двајца нашинци во Казахстан се обратиле во амбасадата

Објавено во: Македонија 08 Јануари, 2022

Добивај вести на Viber

Министерството за надворешни работи соопшти дека редовно ја следи состојбата во Казахстан и дека преку Амбасадата во Нур – Султан е во постојана комуникација со нашите државјани кои се наоѓаат во земјата.

-И покрај честиот прекин на интернет и телекомуникациските мрежи, сепак се остварува редовен контакт со нашите државјани, кои се наоѓаат на безбедни локации. Засега само двајца наши државјани се обратиле до Амбасадата поради ситни потреби на чие барање е веднаш одговорено, но, ниту еден од спомнатите не се наоѓа во загрозена состојба, информира МНР.

Според МНР, остануваат во сила препораките упатени до граѓаните на Северна Македонија да не патуваат во Казахстан, а оние кои во моментот се наоѓаат во земјата да не ги напуштаат објектите каде што се сместени и да избегнуваат собири на јавни локации поради влошената безбедносна состојба.

-Дополнително, информираме дека дипломатскиот персонал во нашата Амбасада во Нур-Султан не е загрозен и дека без прекин ги извршува работните задачи. Министерството за надворешни работи ќе продолжи да ги следи случувањата во Казахстан и ќе излезе со дополнителни препораки за нашите државјани, доколку за тоа се јави потреба, истакнува МНР.


Можеби ќе ве интересира

„Со тие разговори се направи нов злочин“: Туфегџиќ за масакрот кај Смилковското Eзеро - само штета од прислушуваните разговори

„Со тие разговори се направи нов злочин“: Туфегџиќ за масакрот кај Смилковското Eзеро - само штета од прислушуваните разговори

„АКО КОСТАДИНОВ Е ПРОБЛЕМОТ, ЈА ИМАТЕ МОЈАТА ОСТАВКА“: градоначалникот на Струмица бара чиста вода за жителите

„АКО КОСТАДИНОВ Е ПРОБЛЕМОТ, ЈА ИМАТЕ МОЈАТА ОСТАВКА“: градоначалникот на Струмица бара чиста вода за жителите

ВРЕДИ: 100 ДЕНА НОВИ ПОЛИТИКИ И БОРБА ПРОТИВ СТАРИТЕ НАВИКИ - борба за санкционирање на сите кои се огрешиле

ВРЕДИ: 100 ДЕНА НОВИ ПОЛИТИКИ И БОРБА ПРОТИВ СТАРИТЕ НАВИКИ - борба за санкционирање на сите кои се огрешиле

ПОЧИНАТ ВЕЛЕШАНЕЦ (43) ПРОНАЈДЕН ВО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ - причините за смртта мистерија

ПОЧИНАТ ВЕЛЕШАНЕЦ (43) ПРОНАЈДЕН ВО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ - причините за смртта мистерија

ОТКРИЕНИ МАНГАН И БАКТЕРИИ ВО СТРУМИЧКИОТ ВОДОВОД - издадена наредба граѓаните да не ја користат водата

ОТКРИЕНИ МАНГАН И БАКТЕРИИ ВО СТРУМИЧКИОТ ВОДОВОД - издадена наредба граѓаните да не ја користат водата

ОБИД ЗА УБИСТВО НА МАЛОЛЕТНИК: напаѓачот е во притвор - го расекол со скалпел кај вратот

ОБИД ЗА УБИСТВО НА МАЛОЛЕТНИК: напаѓачот е во притвор - го расекол со скалпел кај вратот

„ИЗГРАДБАТА Е СТОПИРАНА“ Љутков: Скопје во 2028 година ќе има Универзална сала - на законски и легален начин

„ИЗГРАДБАТА Е СТОПИРАНА“ Љутков: Скопје во 2028 година ќе има Универзална сала - на законски и легален начин

ЌЕ ГО СЛЕДИМЕ ОТКУПОТ НА ОРИЗ: Трипуновски вети заштита од злоупотреби и манипулација

ЌЕ ГО СЛЕДИМЕ ОТКУПОТ НА ОРИЗ: Трипуновски вети заштита од злоупотреби и манипулација

ДЕСЕТТИ ХУМАНИТАРЕН ПИКНИК ЗА ВРАБОТЕНИТЕ НА „АЛКАЛОИД“: ОКОЛУ 2 МИЛИОНИ ДЕНАРИ ЗА ОРГАНИЗАЦИЈАТА СОС ДЕТСКО СЕЛО

ДЕСЕТТИ ХУМАНИТАРЕН ПИКНИК ЗА ВРАБОТЕНИТЕ НА „АЛКАЛОИД“: ОКОЛУ 2 МИЛИОНИ ДЕНАРИ ЗА ОРГАНИЗАЦИЈАТА СОС ДЕТСКО СЕЛО