25 Април, 2024
0.0331

СНЕЖАНА ДЕНКОВСКА: Имаме недостиг на работна сила за сите занаети иако имаме голем број невработени

Објавено во: Економија 24 Март, 2018

Добивај вести на Viber

Дека од занает може со добра и посветена работа добро да се живее, потврдува Снежана Денковска, директорка на Занаетчиската комора на Македонија. Таа вели дека во сите занаети има потреба од луѓе за работа, и покрај фактот што процентот на невработени во државата е висок  и додава дека кога станува збор за занаети, не се мисли само на старите занаети.

Фактор: Дали младите се заинтересирани денес за изучување на занаети?

За занаетчиството или за отпочнување на бизнис со вршење на дејност имаме сè повеќе млади и тоа во сите занаети, фризери, козметичари, декоративен маникир, стаклари, пекари, уметнички занаети, моден дизајн, венчаници, комјутерска техника, обработка на дрво, изработка на кујни и слично. Оваа бројка не задоволува од причина што е потребно подобрување на квалитетот и имиџот на средното стручно образование и занаетчиството кај младите и родителите и воопшто во општеството.Сè уште нашето општество и јавноста и посебно медиумите се занимаваат со дневна политика и политиканство, а многу малку за економијата и занаетчиството и кои се тие бизниси кои успешно работат со генерации и добро заработуваат.Сè додека најактуелно е за младите да се вработат во администрација, а не да се едуцираат за претприемништво ке биде вака. Ќе имаме сè повеќе невработени кои чекаат такви вработувања, а не сакаат да отпочнат сопствен бизнис, но навики и желба за ова се создаваат од мали нозе. Никогаш не е доцна, тука е доживотното учење и може секој кој има желба и талент за некој занает да го научи.Ни требаат многу мерки и услови за развој на занаетчиството и претприемништвото,  но пред сè треба да делуваме да се промени свеста, во што може да помогнат многу медиумите.Најчесто занаетчиството го разбираат како стари занаети, а ,,занаетчиството е сè околу нас, и ,,што би бил светот без занаетчиството.

Фактор: Има ли начин да се мотивираат младите да почнат да се занимаваат со занаетчиска работа?

Има кога ке се направат кампањи за средното стручно образование кои ќе се упатат кон младите и кон родителите, но претходно да го подобриме средното стручно образование и воведеме добра уписна политика, дуален систем на образование и учениците практичната обука ќе ја обавуваат кај работодавачите со минимум 50% од вкупниот број на часови, со што теоријата ќе може да ја применат во пракса и учениците ќе добијат диплома во која ќе бидат внесени знаења, вештини и компетенции, a во завршните испити ќе учествуваат работодавачите.Потребна е промоција на занаетите кај младите посебно кај оние од завршните одделенија во основното училиште.

Фактор:  Кои се занаети можат да обезбедат добра заработка и живеачка во денешно време?

Сите занаети кои се работат со соодветно стручно образование и постојано се усовршуваат и ги следат најновите техничко-технолошки достигнувања и се посветени на бизнисот ќе можат да бидат успешни и да заработуваат добро и пристојно.

Фактор: Колку време е потребно за добро да се „испече“ еден  занает?

Се зависи од личноста, посветеноста и е потребно минимум за преквалификација од 6-12 месеци, а за образованието е потребно 2, 3 или 4 години, мајсторски испит или специјалистичко образование или пак високо образование и спој со занаетот е тогаш е најголемиот успех.

Фактор: Дали фокусирањето кон одредени занаети може да доведе до растеретување на пазарот на трудот, затоа што има луѓе кои долго време се невработени, а тешко им оди да пронајдат соодветна работа?

Занаетчиството може да помогне во намалување на бројот на невработени .Во моментот имаме недостиг на работна сила во сите занаети иако имаме голем број на невработени.Само е потребно младите и другите невработени да сакаат да работат и можат да најдат веднаш вработување, во занаетчиството и во бизнисот треба работа и посветеност. Но, така ги учиме младите да не работат, а да земаат плата, треба тоа да го заборавиме ако сакаме добра економија и добри плати.Занаетчиството нуди перспектива за младите.

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија