СНЕЖНА ПОКРИВКА: Уште вее во оваа балканска земја
Објавено во: Балкан 24 Септември, 2018
Во Босна и Херцеговина денеска падна првиот снег на Прокошкото езеро.
Обвивката е 5 сантиметри, а снегот уште паѓа. Има густа магла, дожд со снег и многу е студено.
Прокошкото езеро се наоѓа на 1.636 метри надморска височина, а снегот кој почнал да паѓа ги изненадил туристите и мештаните.
И на Бјелашница и Јахорина има снег, а на Власиќ снегот веќе формира покривка и интензивно паѓа.