23 Април, 2024
0.0309

СНЕЖНАТА ПОКРИВКА НАД ЕДЕН МЕТАР: Завеани Македонците во Гора, се бара помош од надлежните

Објавено во: Македонија, Балкан 07 Февруари, 2020

Добивај вести на Viber

Мaкедонското друштво „Илинден“ од Тирана бара итни мерки од албанската Влада откако снегот ги блокираше сите патишта за Македонците во Гора. 

Во реакцијата стои дека врнежите од снег во изминатите денови, целосно ги блокирале селата во ова област, во северниот дел на Албанија.

„Како последица на високата снежна покривка, чија дебелина е и над еден метар и минусните температури сите патишта што ја поврзуваат областа Гора се целосно блокирани. Сите села се отсечени од светот и нема доволно резерви на лекови во здравствените амбуланти, а набрзо ќе се појави и недостиг на прехранбени артикли“, стои во реакцијата.

Бараат албанската Влада и Општина Кукс итно да ги преземат сите неопходни мерки за да се одблокираат патните правци во областа Гора.

Областа Гора опфаќа девет села во кои живеат околу девет илјади Македонци.

фото МК „Илинден“

Можеби ќе ве интересира

АГЕЛЕР: Гласачите на оваа земја треба да поставуваат тешки прашања на кандидатите, а потоа мора да гласаат

АГЕЛЕР: Гласачите на оваа земја треба да поставуваат тешки прашања на кандидатите, а потоа мора да гласаат

ПО ПОЛНОЌ ЛЕПЕЛЕ ПЛАКАТИ: Тетовската полиција уапси две лица

ПО ПОЛНОЌ ЛЕПЕЛЕ ПЛАКАТИ: Тетовската полиција уапси две лица

ЌЕ БИДЕ ПРЕМЕСТЕН ВО ДРУГО УЧИЛИШТЕ: Надлежните ќе преземат мерки против ученикот кој истепа наставничка

ЌЕ БИДЕ ПРЕМЕСТЕН ВО ДРУГО УЧИЛИШТЕ: Надлежните ќе преземат мерки против ученикот кој истепа наставничка

ИНДЕКС НА ЧОВЕКОВИОТ РАЗВОЈ: Македонија лошо котира

ИНДЕКС НА ЧОВЕКОВИОТ РАЗВОЈ: Македонија лошо котира

ВО ПУСТЕЦ: Наскоро ќе биде поставена биста на Гоце Делчев

ВО ПУСТЕЦ: Наскоро ќе биде поставена биста на Гоце Делчев

ВАЖНО: Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе можат да гласаат

ВАЖНО: Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе можат да гласаат

УТРЕ НЕМА ДА РАБОТИ ЖИЧНИЦАТА, А АВТОБУСИТЕ ЌЕ ВОЗАТ ПО НЕДЕЛЕН ВОЗЕН РЕД: Еве што велат од ЈСП

УТРЕ НЕМА ДА РАБОТИ ЖИЧНИЦАТА, А АВТОБУСИТЕ ЌЕ ВОЗАТ ПО НЕДЕЛЕН ВОЗЕН РЕД: Еве што велат од ЈСП

Мостот „Беласица“ го издржа тестот за носивост

Мостот „Беласица“ го издржа тестот за носивост

Избирачкиот список намален за 10.000 гласачи

Избирачкиот список намален за 10.000 гласачи