Снимка од падот на рускиот авион: Кај Рјазан се урна воено летало-има загинати (ВИДЕО)
Објавено во: Свет 24 Јуни, 2022
Воено-транспортниот авион Ил-76 бил принуден да слета за време на тренинг лет поради дефект на моторот, соопшти руското Министерство за одбрана.
Во авионската несреќа загинаа четири лица, а пет се хоспитализирани.
Несреќата се случила во регионот Рјазан.
‼️ В Рязанско области разбился военно-транспортны самолет Ил-76.
— Популярная политика (@politica_media) June 24, 2022
Погибли четыре человека. Один из них скончался в больнице. Всего на борту находились девять человек, они получили ранения и были госпитализированы. Информацию о погибших подтвердили рязанские власти. pic.twitter.com/guYHw0pua8
– Според прелиминарните информации, четири лица загинаа како последица на авионската несреќа кај Рјазан. Уште петмина од нив се префрлени во болниците во Рјазан со различни повреди - се наведува во соопштението на локалните власти.
При падот авионот ги оштетил жиците на далноводите, па блиското село останало без струја.