Со 153 гласа „За“ Грците го изгласаа Протоколот за македoнското членство во НАТО
Објавено во: Македонија, Балкан 08 Февруари, 2019
Грција го изгласа Протоколот за членство на Македонија во НАТО, со што Договорот од Преспа стапува на сила.
Грчките пратеници го изгласаа со 153 гласа Протоколот за македoнското членство во Алијансата.
140 беа против, а еден воздржан. Во грчкиот парламент имаше скоро 11 часа расправа.