Со 62 гласа „за“ Собранието изгласа доверба на Владата
Објавено во: Македонија 03 Март, 2021
Со 62 гласа „за“ и ниту еден против и без воздржани, Собранието денеска изгласа доверба на Владата.
Премиерот Зоран Заев денеска во Собранието изјави дека тој е прв премиер кој бара доверба на Владата.
Вели дека тоа е храброст и одговорност, но и решителност, грижа за граѓаните и стопанството. Заев рече дека 6 месеци како ја добил честа да ја води Владата, а опозицијата тврди дека истата ќе ја срушат.
„Граѓаните на изборите на 15 јули го направија својот избор. Овој избор и гласот на граѓаните беа против блокадите“, рече тој.Од опозицијата сметаа дека на оваа тема требало да се дискутира три дена.