Со чија помош ОЈО ќе открие кој се крие зад псевдонимот Илија Громовник?
Објавено во: Македонија 17 Мај, 2019
Oсновното јавно обвинителство ќе побара помош од Интерпол за откривање на Илија Громовник.
ОЈО побарало од Русија да помогне за откривање на идентитетот на лицето кое се крие зад псевдонимот Илија Громовник, кој честопати објавува нови „бомби“ поврзани со луѓе од политичкиот и бизнис врвот на Македонија, пренесува 1ТВ.
Ако Русија не се огласи, ОЈО ќе се обрати до Интерпол и ќе побараат да стапи во контакт со тамошните власти за да се обезбедат информации за објавувачот на аудио снимките.
Ако и напорите преку Интерпол да се влезе во траг и да се спречи Громовник не успеат, тогаш обвинителството ќе бара меѓународна правна помош.
Од овој псевдоним е објавена „бомба“ за пратеникот Павле Богоевски, и се тврдеше дека тој наводно нарачува дрога.