28 Март, 2024
0.0278

Со членството во НАТО Северна Македонија станува важен играч за регионот но и за ЕУ

Објавено во: Македонија 21 Септември, 2019

Добивај вести на Viber

  Министерката за одбрана Радмила Шекеринска денеска во Острава, Чешка имаше работна средба со чешкиот министер за одбрана Лубомир Метнар.

На средбата беше истакната долгогодишната успешна соработка во одбраната меѓу двете земји и континуираната поддршка за нашето членство во НАТО и за почеток на преговори со ЕУ.

  Министерката Шекеринска се заблагодари на поканата да биде почесен гостин на меѓународната манифестација „Денови наНАТО“ што започна денеска во Острава.

  Шекеринска изрази задоволство што чешката страна минатата седмица го ратификуваше Протоколот за прием во НАТО, и рече дека членството на Северна Македонија во Алијансата значи влог во безбедноста и стабилноста на целиот регион. Тесната соработка што ја остваруваат Република Северна Македонија и Западен Балкан со земјите од Вишеградската група  (В4) чиј лидер е во моментов Чешката Република е одличен пример за тоа како треба да соработуваат земјите во рамките на еден регион но и помеѓу регионите, истакна министерката.
„Република Северна Македонија е долгогодишен близок партнер на Чешката Република во Западен Балкан, а со членството во НАТО станува важен играч за регионот, но и за ЕУ. Со ратификацијата на Протоколот и со вашата континуирана поддршка покажавте дека Чешка знае да го вреднува постигнатиот напредок во нашата земја и дека взаемната почит и соработка ќе продолжат и во иднина во рамките на НАТО каде наскоро ќе станеме полноправна членка“, рече Шекеринска.

  Чешкиот министер Метнар ја истакна нашата земја како успешен пример во регионот на градење на пријателски односи со соседите и за тоа ги посочи договорите со Бугарија и со Грција, и изрази надеж дека полноправното членство во Алијансата ќе се случи што поскоро. Министерот Метнар рече дека Чешката Република со нетрпение чека да ја види Северна Македонија во НАТО каде што двете земји ќе продолжат да соработуваат. Тој додаде дека нашата земја е важен партнер на Чешката Република и дека ужива целосна поддршка на планот на добивањето датум за преговори за нашата земја.

  Двајцата министри разговараа и за донација на опрема за нашата Армија од Република Чешка како и за австриската иницијатива за регионална Воена академија и нашата заложба седиштето да биде во Скопје, за што чешката страна изразува целосна поддршка.

  Министерската средба се одржа на маргините на меѓународната манифестација „НАТО денови“ чиј домаќин традиционално е чешкиот град Острава и на чие свечено отворање денеска присуствуваше и министерката Шекеринска заедно со министрите за одбрана од В4 – Чешка, Унгарија, Полска и Словачка. На оваа најголема изложба од одбраната и безбедноста учествуваат 18 НАТО и партнерски земји кои ги прикажаа најновите технолошки достигнувања во нивната воена и полициска опрема.


Можеби ќе ве интересира

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење

„ДОБРО БРЕ ГОВЕДА ЕДНИ“: Миа Костова распали поради измама „Прво лепевте доктори, сега стасав и јас на ред!“

„ДОБРО БРЕ ГОВЕДА ЕДНИ“: Миа Костова распали поради измама „Прво лепевте доктори, сега стасав и јас на ред!“

АКО ПОБЕДИ СДСМ БИ РАБОТЕЛ И ЗА НИВ КАКО ЕКСПЕРТ - Стојанче Ангелов кажа дека би барал плата од 5.000 евра

АКО ПОБЕДИ СДСМ БИ РАБОТЕЛ И ЗА НИВ КАКО ЕКСПЕРТ - Стојанче Ангелов кажа дека би барал плата од 5.000 евра

ПРЕДИЗВИК ЗА МЛАДИТЕ РАБОТНИЦИ: Kaко да се издвојат од конкуренцијата?

ПРЕДИЗВИК ЗА МЛАДИТЕ РАБОТНИЦИ: Kaко да се издвојат од конкуренцијата?

„ПОСЛЕ МОЕ 30-ГОДИШНО ЧЛЕНСТВО КАЖУВАМ, СДСМ ТРЕБА ДА ЗАМИНЕ ВО ИСТОРИЈАТА“ - Весна Ангелова со искрен став за матичната партија

„ПОСЛЕ МОЕ 30-ГОДИШНО ЧЛЕНСТВО КАЖУВАМ, СДСМ ТРЕБА ДА ЗАМИНЕ ВО ИСТОРИЈАТА“ - Весна Ангелова со искрен став за матичната партија