25 Април, 2024
0.0279

СО ДИПЛОМА, НО БЕЗ ИСКУСТВО: Колкави плати очекуваат, а колкави добиваат младите?

Објавено во: Економија 12 Август, 2017

Добивај вести на Viber

Дел од младите во земјава откако ќе се стекнат со факултетска диплома, а сè уште немаат работно искуство на прашањето колкава плата очекуваат, сметаат дека ќе заработуваат околу 20.000 денари.

Некои од нив се додека не почнат активно да бараат работа и да одат на интервјуа, имаат нереални очекувања за висината на платата.  Велат дека според  стандардот во Македонија, плата колку просечната ќе биде доволна за еден млад човек.  

„Јас сум студент на Факултет на Земјоделски науки и храна во Скопје, студиска програма Заштита на растенија- Фитомедицина. По завршување на факултетот се здобивам со титула дипломиран Земјоделски инжинер- агроном со кој ми се отвараат врати кон успешно вработување во секторот на земјоделието во земјава, на гранични премини, како и во земјоделска аптека. Во зависност од работното место варира и личниот дохот за оваа позиција. Таа најчесто се движи од 20 000 денари па нагоре. Како што веќе споменав во зависност од работното место“ – вели Драгослав Бошковски, студент.

Девојка која студира дијзан и инженеринг на облека вели дека има млади луѓе кои се способни иако се почетници,  но праксата е потребна.

„Не треба да биде платата помалку од 200 евра. Секој почетник колку и да учел не може да има многу  знаење се додека тоа не го примени во пракса“ – вели таа.

Весна Гарванлиева Андонова, економист во Центар за Економски Анализи ЦЕА вели дека човечкиот капитал и инвестирањето во него значајно влијае врз економскиот развој и раст. Објаснува дека невработеноста кај младите во Македонија е речиси двојно повисока од останатите и таа достига околу 40%. Од друга страна пак и неактивноста кај младите лица е значително повисока. Поголема невработеност има кај лица со завршено средно образование, споредено со лица со завршено високо образование.

„Врз основа на направени анкети и анализи на млади лица од страна на Центарот за економски анализи - ЦЕА во оваа и минатата година (за повеќе региони/локации), како дел од анализи на пазарот на труд, ако се издвојат лицата со завршено високо образование, а кои немаат работно искуство или имаат работно искуство помалку од една година, наведената нето плата/надомест која ја очекуваат во зависност од секторот и образованието, се движи од 25.000 до 30.000 денари на месец. Имајќи ги во предвид дека просечната нето плата е околу 22.000 денари (која е значително различна  во различни сектори), сепак може да се заклучи дека постојат релативно повисоки  очекувања од страна на младите кои се без работно искуство кое ги надминува реалните услови кои ги нуди побарувачката на пазарот.Истовремено, треба да се нагласи дека кај истите лица најчесто најавувана причина за не-прифаќање на веќе понудена работа е неадекватното понудено работно место со квалификациите, но и нискиот паричен надомест понуден од работодавачите“ – изјави Гарванлиева Андонова.

Според неа, во контекст на овие прашања треба да се напомене јазот кој постои помеѓу потребите на деловниот сектор во однос на квалификации и вештини за работната сила и понудата на млада работна сила од аспект на вештини и знаења кои ги имаат лицата кои го завршиле образованието, квалитетот на образованието и неговата (не)усогласеност со барањата на пазарот на труд за да продуцира кадри кои се спремни да започнат со работа и да бидат продуктивни. 

Според податоците на Државниот завод за статистика, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во мај 2017 година изнесува 22 889 денари, а бруто е 33 640 денари.

Младите во земјата кои немаат работа се соочуваат со долги периоди на барање на вработување. Учеството на невработените млади лица на возраст од 15 до 29 години, кои бараат работа повеќе од една година, изнесува 34.2% од вкупниот број на долгорочно невработените лица во 2016, објави ДЗС по повод 12 август – Меѓународен ден на младите.

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија