24 Април, 2024
0.0347

Со добри бактерии до здрав метаболизам и јак имунитет

Објавено во: Мои пари 29 Април, 2021

Добивај вести на Viber

Секој од нас посакува да има континуирано добро здравје и витко тело. Иако овој идеал е тешко да се оствари и одржи сепак клучот е во постигнување на здрав метаболизам и природен баланс на вашиот организам. Прв чекор во оваа насока е здрав животен стил кој подразбира редовна физичка активност како и внесување на доволна количина на растителни влакна, пробиотици, витамини и минерали.

Пробиотиците се повеќе од здравствен тренд, тие се добри бактерии кои му се потребни,на нашиот организам секојдневно, за целокупното здравје и благосостојба.Пробиотиците во нашиот организам се клучни за изградба на здрава микрофлора. Здравата микрофлора не само што овозможува добар метаболизам и соодветно искористување на хранливите материи туку и спречува колонизирање на патогени бактерии во гастроинтестиналниот тракт. Бројни фактори ја нарушуваат здравата микрофлора кај човекот почнувајќи од несоодветна исхрана, стрес, патувања, антибиотици, бактерии и вируси при што како последица се појавуваат стомачни тегоби од тип на: надуеност, гасови, дијареа, опстипација, повраќање, стомачна болка итн. Пробиотиците не само што помагаат да се намалат овие тегоби туку и имаат имуностимулаторен ефект преку засилување на производството имоноглобулин А и Т лимфоцитите и на тој начин ја зголемуваат отпорноста на организмот на инфекции или го скратуваат времетраењето на истите. Благодарение на овие својства одредени типови на пробиотици се корисни и кај алергиски манифестации како астма, егзема итн.

Најчестокористени пробиотици, се различните видови од родот Bifidobacterium (нормални жители на дебелото црево) и Lactobacillus (нормални жители на цревата и вагината). За најдобар ефект корисно е да се употребуваат комбинации од најмалку 2 типа на пробиотски бактерии во количина од минимум 1 милијарда единици. За да се осигура нивно размножување во цревата се комбинираат со пребиотици  (храна за пробиотиците) и се пакувааат во желудечно отпорна капсула.

Со цел да се потенцира позитивното дејство на пробиотиците во однос на стабилизирањето на метаболизмот, подобрување на варењето и засилување на имунитетот, пробиотиците се комбинираат со витамини од групата Б, Ц или Д, екстракти од камилица, нане и цинк. На овој начин се користи синергистичкиот ефект на пробиотиците и специфичните витамини и минерали и се скратува времетраењето на бројни цревни и респираторни инфекции.

Д-р.спец. Валентина Џартовска, инфектолог

* ПР- објава

Можеби ќе ве интересира

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

ОВА СЕ НАЈЧЕСТИ ИЗМАМИ ПРИ КУПУВАЊЕ ПОЛОВНИ АВТОМОБИЛИ: Еве 5 начини како да ги избегнете, обрнете посебно внимание на нив

ОВА СЕ НАЈЧЕСТИ ИЗМАМИ ПРИ КУПУВАЊЕ ПОЛОВНИ АВТОМОБИЛИ: Еве 5 начини како да ги избегнете, обрнете посебно внимание на нив

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

Дали се откажавте од креирањето на сопствената држава?

Дали се откажавте од креирањето на сопствената држава?

Нутритивни причини зошто да пиете чоколадно млеко

Нутритивни причини зошто да пиете чоколадно млеко

Халкбанк го одбележа Светскиот ден на планетата Земја со зелени работилници во парк на Школка

Халкбанк го одбележа Светскиот ден на планетата Земја со зелени работилници во парк на Школка