Со експлозив погодени нафтени извори - кој кому се одмаздува?
Објавено во: Свет 14 Мај, 2019
Два нафтени извори во Саудиска Арабија се погодени од дронови со експлозив.
Министерот за енергетика, Халид ал Фалих денеска изјави дека дронови натоварени со експлозив погодиле два нафтени извори на Источно-западниот нафтовод.
Фалих вели дека производството и извозот на сурова нафта и нафтени деривати продолжува, но дека компанијата „Арамко” ја проценува штетата.
Овој инцидентот го оцени како терористички акт.
Јеменските бунтовници Хути ја презедоа одговорноста за нападот. Неименуван претставник на Хутите изјави дека седум дронови извршиле напад врз витални саудиски инсталации.
Во Јемен со години трае граѓанската војна помеѓу бунтовниците Хути и меѓународно признаената Влада на претседателот Абд Рабо Мансур Хади.
Саудиска Арабија и нејзините сојузници од 2015 година интервенираат на страната на Хади, а Хутите добиваат поддршка од Иран.