19 Мај, 2021
0.0209

Со ЕМБА програмата на Сити Колеџ, креираме кариерни, космополитски и хумани вредности

Објавено во: Мои пари 07 Јули, 2020

Стипендијата Борис Трајковки се доделува веќе седумнаесетта година по ред и секоја година по 20 студенти добиваат можност да ги унапредат своите знаења и вештини на универзитет од светска класа, додека ги одржуваат тековните работни ангажмани и обврски. Преку стипендиите Борис Трајковски за извршната МБА програма на Сити Колеџ, Меѓународниот факултет на Универзитетот Шефилд, се симбиозира врвен академски квалитет, предавачи со глобално искуство и диплома акредитирана од еден од стоте најдобри универзитети на светот.

Според сведоштвата на дипломираните, вредноста на МБА програмата не е само унапреденото знаење и новостекнатите вештини, туку и ја буди и поттикнува амбицијата за уште поголеми професионални достигнувања и специјализирање во една од шесте области што ги нуди оваа програма.

“Во 2007 година ги завршив студиите на Универзитетот Шефилд во Солун, и потоа морам да признаам дека добивањето работно место беше доста полесно, споредувајќи се со моите врсници кои не се снајдоа толку брзо. Моето гледиште е едноставно: Колку потешки стануваат околностите за работа, толку и бизнис екосистемот се кондензира, а компаниите повеќе ќе бираат силен и едуциран кадар. Поголема шанса за добивање работа ќе имаат оние луѓе кои имаат добро образование. Истото важи и кај претприемачите. Колку повеќе се едуцирате, толку станувате покомпетентни во светот на бизнисот. Во 2011 ми беше доделена стипендијата „Борис Трајковски” од страна на Сити Колеџ и Министерството за Образование. Знаењата со кои се здобив од универзитетот и контактите со колегите, ми се бесценети. Високото образование ми помогна многу во напредокот во кариерата, но пред се ме насочи како да останам човек со високи вредности во ова наше бурно општество”, вели Радован Витошевиќ, Главен извршен директор на мајВорлд Македонија и Бугарија.


“За ЕМБА програмата на Сити Колеџ дознав преку оглас за стипендии за поединечни предмети кои се одвиваа во Скопје, со професори од Универзитетот. Имав можност да посетам три од тие предавања, каде сфатив дека EMБА програмата би била одлична можност да го дополнам моето образование во областа на маркетингот. Аплицирав за стипендијата “Борис Tрајковски” која ми овозможи во 2016та да започнам со студиите во Солун. Програмата за мене претставуваше проширување на знаењата од областа на економија, маркетинг, финансии, човечки ресурси, корпоративни финансии, логистика, но во исто време и можност за запознавање со најактуелните трендови. Работејќи во корпорација - А1, имав одлична примена на знаењата кои ги стекнував низ програмата. Стекнав самодоверба во повеќе сегменти, што понатаму резултираше во мој напредок во кариерата. Освен, знаењата, оваа програма е одлична можност и за проширување на познанствата, дружење и остварување релации со колеги”, вели Бисера Николова, Раководител на сектор за Маркетинг за приватни корисници и мали бизниси во А1 Македонија.

Позитивните искуства на студентите и дипломците во врска со програмата продолжуваат и на другите сродни активности, мрежното поврзување, приклучување кон и активација на здруженијата на дипломци и истомисленици од цела Централна и Југоисточна Европа. Но, најмногу од се МБА програмата поттикнува и стекнување и развивање на космополитски и хумани вредности.

Повеќе информации во врска со тековниот конкурс за стипендиите Борис Трајковски за ЕМБА програмата, овозможени од Министерството за образование и Сити Колеџ, Меѓународниот факултет на Универзитетот Шефилд се достапни на следниот линк.


Можеби ќе ве интересира

IuteCredit Europe ги објави неревидираните финансиски резултати за првиот квартал од 2021

IuteCredit Europe ги објави неревидираните финансиски резултати за првиот квартал од 2021

Нови технологии заради кои нашата храна останува подолго свежа во фрижидер

Нови технологии заради кои нашата храна останува подолго свежа во фрижидер

Скијачки клубови: Новиот претседател на СФМ е избран со фалсификат

Скијачки клубови: Новиот претседател на СФМ е избран со фалсификат

Нов циклус обуки од Мотива Центарот за менаџмент образование и обука во проект подржан од Фонд за иновации и технолошки развој

Нов циклус обуки од Мотива Центарот за менаџмент образование и обука во проект подржан од Фонд за иновации и технолошки развој

Онлајн-настан за реобјавувањето на романот „Кратката пролет на Моно Самоников“ од Димитар Солев

Онлајн-настан за реобјавувањето на романот „Кратката пролет на Моно Самоников“ од Димитар Солев

Заштедете и уживајте во уникатните придобивки во светот на патувањето со travelWorld

Заштедете и уживајте во уникатните придобивки во светот на патувањето со travelWorld

Македонија 2025 со поддршка за младите: Доделени десет стипендии за талентирани средношколци

Македонија 2025 со поддршка за младите: Доделени десет стипендии за талентирани средношколци

Најиновативните светски технологии за прочистување на воздух и вода изложени во новата концепт-продавница на „Екотип“

Најиновативните светски технологии за прочистување на воздух и вода изложени во новата концепт-продавница на „Екотип“

НЛБ Банка со финансиско советување за осигурителни продукти и пензиско осигурувње пред своите експозитури

НЛБ Банка со финансиско советување за осигурителни продукти и пензиско осигурувње пред своите експозитури