СО „ГОЛФ“ ВЛЕТАЛ ВО СТАДО ОВЦИ-ТЕШКА СООБРАЌАЈКА КАЈ ВРАЊЕ: Од силниот удар загинале 17 овци и две кучиња, а овчарот е тешко повреден
Објавено во: Балкан 14 Јануари, 2022
На автопатот
Врање-Бујановац вчера во вечерните часови се случила несекојдневна сообраќајна
несреќа кога возач на „голф“ со бујановачки регистерски таблички влетал во
стадо овци во придружба на овчар. Во судирот настрадале 17 овци и две кучиња,
додека овчарот е тешко повреден.
Несреќата се случила во селото Павловац, кога возачот на „голфот“ движејќи се од правец на Нерадовац кон Давидовац наишол на стадо кое се движело по главниот пат. Од силината на ударот загинале дури 17 овци и две кучиња, а според очевидци мртвите животни лежеле на патот со пречник од неколку десетици метри.
Во несреќата е повреден и возачот на голфот, а причината за несреќата ќе се знае по истрагата.