24 Април, 2024
0.0304

УСАИД: 25 години Вистинско пријателство

Со граѓанско учество до посилно општество

Проект на УСАИД за граѓанско учество

Објавено во: Мои пари 09 Февруари, 2018

Добивај вести на Viber

Во рамките на своите заложби за градење на силно граѓанско општество и јакнење на демократските процеси, веќе четврт век УСАИД ги поддржува граѓанските организации и го поттикнува нивното конструктивно учество во прашања од јавен интерес. УСАИД посветено работи и ги поддржува младите во насока на промовирање на дијалог, зајакнување на нивните лидерски способности и учество во јавниот живот. УСАИД во изминатиот четврт век, во соработка со голем број организации, групи на млади и индивидуалци реализира проекти чија основна цел е зајакнување на капацитетите на граѓанските организации и младинските групи за унапредување на јавните политики, подобрување на јавните услуги, промовирање на доброто владеење, сè со цел да придонесе кон подобрување на животниот стандард на луѓето во Македонија. Поддршката на УСАИД допира до најразлични сегменти од општественото живеење, а една од долгорочните цели е да помогне во создавањето на силно, самоодржливо и активно граѓанско општество.

Еден од проеките, кој започна во  август 2016 година, е  Проектот на УСАИД за граѓанско учество, чија цел е да се зајакнат граѓанските организации и капацитетот на младите за унапредување на јавните политики, подобрување на јавните услуги, промовирање на доброто владеење со цел да придонесе за подобрување на животниот стандард на луѓето во Македонија. Проектот е посветен на родова еднаквост и заштита на правата на социјално исклучени групи во Македонија. Проектот се сости од четири компоненти: (1)зајакнување на алијансите на граѓанските организации; (2) зајакнување на граѓанските организации; (3) јакнење на лидерските капацитети кај  младите; и (4)  учеството на младите во решавање на предизвиците во општеството.

Во поглед на реализацијата на активностите кои се спроведуваат од страна на национални и локални организации од Македонија, Проектот на УСАИД за граѓанско учество ги поддржува иницијативите за промоција на младинското учество и активизамкако што се активностите на Александар Матовски-Цако, млад поет и активист кој се залага за подобрување на општествениот статус на лицата со Даунов синдром; Антонио Ѓорѓиевски кој преку својата вклученост во платформата coolinari.mk, ја промовира стручната обука меѓу младите и важноста да се поседуваат практични вештини за зголемување на нивниот потенцијал за вработување и Културната младинска акција од Крушево и нејзината работа за подигање на свеста меѓу младите во Крушево во однос на нивните одговорности за да се сочува културното наследство преку креативни и иновативни активности. 

Понатаму, здружението “Инклузива” од Куманово кое е една од 33-те граѓански организации поддржани од Проектот за граѓанско учество, успеа да го издигне високо прашањето за учество на лицата со оштетен вид во изборниот процес, при што Државната изборна комисија го усвои предлогот за процедури за самостојно гласање на слепите лица и лицата со оштетен вид. Веднаш по усвојувањето, здружението “Инклузива” започна со обуки и едукација на слепите лица и лицата со оштетен вид за новите процедури за учество во процесот на гласање со употреба на Браиловата азбука. 

Уште една интересна приказна е “Инфо ѕид за дислексија” на Здружението Ајнштајн” чија цел беше да ја подигне свесноста за предностите и недостатоците специфични за попреченоста за учење како што се дислексијата, дискалкулијата, дисграфијата и диспраксијата. Здружението спроведе интерактивни предавања во која беа вклучени повеќе од 600 ученици и 50 претставници на училишните совети во 15 средни училишта низ  Македонија. Покрај тоа, на веб страницата www.dyslexia-info.com беа поставени материјали и техники за самопомош кои ќе им овозможат на наставниците, учениците  и родителите да научат повеќе за овие  потешкотии, ни и како да ја зајакнат самодовербата на лицата со овие потешкотии. 


Дигиталната платформа http://www.impact.mk/ ИмпАКТ на Здружението за унапредување на демократијата Democracy Lab нуди ресурси и алатки за збогатување на  знаењето на младите и нивните вештини за планирање и развој на проектни идеи, проценка на потребите на заедницата идентификација на ресурсите на заедницата. Оваа платформа  беше искористена од страна на четири локални младински организации од Гостивар, Тетово, Кичево и Кавадарци за реализирање на 20-на мали акции во чија реализација учествуваа околу 1600 млади лица. Преку оваа платформа, здруженијата се здобија со вештини потребни за реализација на активности за пристап и мобилизација на младите во општествено одговорни активности. Како резултат од овие акции, беше расчистена дивата депонија во Гостивар, се организираше настан за прибирање на хигиенски средства и облека за оние на кои им е најмногу потребна, урбаната опрема во паркот во Гостивар беше исфарбана, понатаму, се организираа едукативни предавања од различни области како на пример како правилно да се рециклира.

Ова се само дел од активностите  кои беа поддржани и наградени.Досега Проектот на УСАИД за граѓанско учество преку доделените грантови чија вредност надминува  1 милион американски долaри, вклучи над 3 600 граѓани, и над 5 000 млади лица во најразлични активности за зајакнување на граѓанското учество и младите особено.

 

*Текстот е комерцијален и во рамките на активностите на УСАИД за одбележување на 25-годишниот јубилеј од своето работење во Македонија.

Можеби ќе ве интересира

ОВА СЕ НАЈЧЕСТИ ИЗМАМИ ПРИ КУПУВАЊЕ ПОЛОВНИ АВТОМОБИЛИ: Еве 5 начини како да ги избегнете, обрнете посебно внимание на нив

ОВА СЕ НАЈЧЕСТИ ИЗМАМИ ПРИ КУПУВАЊЕ ПОЛОВНИ АВТОМОБИЛИ: Еве 5 начини како да ги избегнете, обрнете посебно внимание на нив

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

Дали се откажавте од креирањето на сопствената држава?

Дали се откажавте од креирањето на сопствената држава?

Нутритивни причини зошто да пиете чоколадно млеко

Нутритивни причини зошто да пиете чоколадно млеко

Халкбанк го одбележа Светскиот ден на планетата Земја со зелени работилници во парк на Школка

Халкбанк го одбележа Светскиот ден на планетата Земја со зелени работилници во парк на Школка

Силк Роуд банка добитник на признание за промовирање на првата Visa Platinum Business кредитна картичка за правни лица на финансискиот пазар

Силк Роуд банка добитник на признание за промовирање на првата Visa Platinum Business кредитна картичка за правни лица на финансискиот пазар

Инграм Микро: За ИТ професионалците денес е задолжително да инвестираат во својата експертиза и вештини со цел да останат конкурентни на пазарот

Инграм Микро: За ИТ професионалците денес е задолжително да инвестираат во својата експертиза и вештини со цел да останат конкурентни на пазарот