29 Март, 2024
0.6719

Со изедначување на акцизата на екстра лесното гориво доби и животната средина и граѓаните

Објавено во: Мои пари 24 Септември, 2020

Добивај вести на Viber

Со изедначувањето на акцизата на екстра лесното гориво со таа на дизел-горивото добиваат граѓаните, кои сега се сигурни во квалитетот на горивата, но добива и животната средина поради помалото загадување.

Државата стави крај на злоупотребите со црвената нафта за транспорт со прифаќање на предлогот на Стопанската комора и дистрибутерите за изедначување на акцизата на екстра лесното гориво и дизел-горивото.

Беа донесени конкретни мерки за сузбивање на криминалот со ова гориво, откако анализата на Царинската управа го констатира тоа што со години се знае, дека големата разлика во цената меѓу дизел-горивото и екстра лесното гориво мотивира одделни субјекти да го продаваат спротивно на законите, а одредени корисници да го користат спротивно на намената, како погонско гориво во моторните возила, механизацијата, уредите и постројките што е забрането.

Изедначувањето на акцизата на црвената нафта и дизел-горивото, освен поголеми приходи во буџетот резултира и со намалување на емисијата на сулфур во воздухот за 100 пати од 50 илјади килограми, на 500 килограми на годишно ниво.

 Според анализата на Царинската управа, екстра лесното гориво има удел од 5,6 проценти во вкупните годишни количини на нафтени деривати пуштени во потрошувачката, што е занемарливо споредено со над 72 процента удел на дизел-горивото, но, значително е повисок во однос на еуросупер БС 98 горивото кое имало пазарен удел од 2,2  процента во 2019 година. 

Акцизите на горивата се тема за дебата во многу земји, особено што половина од крајната цена на горивата на бензинските станици во Европската Унија во март 2019 година биле давачки за државата.

Според извештајот на FuelsEurope – здружение на 40 компании кои држат 100 проценти од рафинериските капацитети во Европската Унија и над 75 проценти од продажбата на горива во Унијата, данокот од горивата во 2018 година имал удел од околу седум проценти во вкупните приходи од данок во државите од Европската Унија.

Најголем удел од 11 проценти има во Естонија и Хрватска, потоа следат Бугарија, Словенија и Романија со по 10 проценти. Најмал удел од три проценти има во Данска и Шведска.

Горивата што се продаваат на бензинските станици во нашата држава мора да ги исполнуваат минимум еуро 5 нормите за издувни гасови кои се пропишани со македонскиот стандард МКС ЕН 590.

Кај нас малопродажната цена на нафтените деривати се формира кога на рафинериската цена се додаваат трговската маржа, трошокот за превоз, акцизата, данокот на додадена вредност, надоместоците за животната средина и за задолжителните нафтени резерви.


Можеби ќе ве интересира

Децата кои минатата година станаа осигуреници на Кроациа беа дел од акцијата „Коко Ве води во Дизниленд“ - најсреќното дете замина со фамилијата на патување

Децата кои минатата година станаа осигуреници на Кроациа беа дел од акцијата „Коко Ве води во Дизниленд“ - најсреќното дете замина со фамилијата на патување

Четврти „Стопанска Триоги триатлон 2024“ на 19 мај во Скопје

Четврти „Стопанска Триоги триатлон 2024“ на 19 мај во Скопје

Светскиот бестселер го прославува својот 50-ти роденден - Volkswagen започна со производство на првиот Golf на 29 март 1974 година

Светскиот бестселер го прославува својот 50-ти роденден - Volkswagen започна со производство на првиот Golf на 29 март 1974 година

ПРОЛЕТНО ЛУДИЛО ОД ДОБИВКИ, НАЈНОВА ПРОМОЦИЈА НА 2win.мк

ПРОЛЕТНО ЛУДИЛО ОД ДОБИВКИ, НАЈНОВА ПРОМОЦИЈА НА 2win.мк

Технолошкиот глобален лидер „Инграм Микро“ го проширува своето присуство во Северна Македонија со отворање на Тренинг центар

Технолошкиот глобален лидер „Инграм Микро“ го проширува своето присуство во Северна Македонија со отворање на Тренинг центар

Приматели на плата - Рационалното управување со финансиските средства е клучно за безгрижна иднина

Приматели на плата - Рационалното управување со финансиските средства е клучно за безгрижна иднина

Неспоредливо забавно патување со Move TV, стриминг платформа со најголем број на ТВ канали во Македонија

Неспоредливо забавно патување со Move TV, стриминг платформа со најголем број на ТВ канали во Македонија

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт