Со каква цел идната недела доаѓа Хан?
Објавено во: Македонија 14 Јули, 2018
Премиерот Зоран Заев пред граѓанските организации со кои имаше консултативна средба во Владата вчера кажа дека следната недела со доаѓањето на еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан почнува скрининг процесот.
„Целта е на владина сесија да ги отвориме процесите, а тоа значи дека час поскоро треба да ја подготвиме државата и со преговарачката рамка и со преговарачките тимови за процесот за којшто е многу важно колкав период од времето ќе трошиме“- изјави Заев.
Додаде дека од 33-те поглавја за Македонија, ќе треба да има и 33 работни групи во кои ќе треба да се вклучат претставници и од институците и од граѓанскиот сектор.