29 Март, 2024
0.0342

СО КАЛАШНИКОВ РАЗРЕШЕТАН УЧЕНИЧКИ АВТОБУС НА КОСОВО: Убиен возачот и двајца тинејџери, уште едно дете е во болница

Објавено во: Балкан 27 Ноември, 2021

Добивај вести на Viber

Неидентификуван напаѓач пукал во автобус со тинејџери во западно Косово при што се убиени три лица, а уште едно дете е рането и веднаш е пренесено во болницата во Пеќ, соопштија полицијата и медиумите.

Фадил Гаши, портпарол на полицијата во Пеќ, рече дека автобусот бил нападнат во Глоѓан, 90 километри западно од Приштина околу 18:00 часот. Возачот веднаш починал, а тројца тинејџери биле пренесени во болница каде двајца од нив починале.

Бесник Ибрај, од болничката единица за итни случаи во Пеќ, за Коха изјави дека третиот тинејџер е повреден и е во стабилна состојба.

Ветон Елшани, заменик-шеф на полицијата во Пеќ, рече дека еден маскиран вооружен напаѓач пукал со автоматска пушка калашников кон автобусот, во кој се превезувале осум тинејџери.

Елшани не го наведе мотивот за нападот, велејќи дека е прерано и дека тоа се истражува, но ја исклучи можноста дека станува збор за тероризам.

„Нема причина да се верува дека станува збор за терористички чин“, рече подоцна Елшани.

Министерот за внатрешни работи Џељаљ Свецла ја прекина посетата на соседна Албанија и се упати кон Глоѓан.

Претседателката Вјоса Османи го нарече нападот „шокантен“ и ги повика органите на редот да ги откријат сторителите што е можно побрзо.

„Нападот врз автобусот со ученици е удар за нашиот јавен ред и безбедност. Безбедноста на граѓаните е приоритет и нема да се повлечеме во исполнувањето на таквата мисија“, напиша Османи на својот профил на Фејсбук.

Премиерот Албин Курти рече дека полицијата се мобилизирала „во полн капацитет да истражи такво тешко кривично дело и да донесе правда“, пренесува Коха.



Извор и фото: Koha Net

Можеби ќе ве интересира

ВЕШТАЧЕН Е ТЕЛЕФОНОТ НА МАЈКАТА НА ДАНКА: На денот на исчезнувањето на девојчето бришела повици и пораки

ВЕШТАЧЕН Е ТЕЛЕФОНОТ НА МАЈКАТА НА ДАНКА: На денот на исчезнувањето на девојчето бришела повици и пораки

УАПСЕНИ ЧЕТВОРИЦА МАЛОЛЕТНИЦИ ВО БИХ- еден ученик донел пиштол во училиште, со другарите планирале грабеж

УАПСЕНИ ЧЕТВОРИЦА МАЛОЛЕТНИЦИ ВО БИХ- еден ученик донел пиштол во училиште, со другарите планирале грабеж

Започна уредувањето на просторат за „италијанскиот“ емигрантски камп во Албанија

Започна уредувањето на просторат за „италијанскиот“ емигрантски камп во Албанија

МАЈКАТА ПРЕД ИСЧЕЗНУВАЊЕТО ЈА СЛИКАЛА ДАНКА ОД ТРИ АГЛИ - Курир дознава дека се прегледани околните тунели и детето го нема

МАЈКАТА ПРЕД ИСЧЕЗНУВАЊЕТО ЈА СЛИКАЛА ДАНКА ОД ТРИ АГЛИ - Курир дознава дека се прегледани околните тунели и детето го нема

ЗОШТО МАЈКАТА НА ДАНКА ИЛИЌ Е ВАЖЕН ДЕЛ ОД ИСТРАГАТА - детали од животот на семејството чија судбина ја потресува Србија

ЗОШТО МАЈКАТА НА ДАНКА ИЛИЌ Е ВАЖЕН ДЕЛ ОД ИСТРАГАТА - детали од животот на семејството чија судбина ја потресува Србија

ЌЕ ОДГОВАРААТ: Уапсените во Босна се шегувале дека знаат каде е Данка Илиќ

ЌЕ ОДГОВАРААТ: Уапсените во Босна се шегувале дека знаат каде е Данка Илиќ

ДЕТАЛИ ЗА АПСЕЊАТА ВО БОСНА: Лицата тврделе дека ја чуваат Данка во подрум и барале откуп?

ДЕТАЛИ ЗА АПСЕЊАТА ВО БОСНА: Лицата тврделе дека ја чуваат Данка во подрум и барале откуп?

НА ТИК ТОК ТВРДЕЛЕ ДЕКА СЕ ПОВРЗАНИ СО ИСЧЕЗНУВАЊЕТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Босанската полиција уапси три лица

НА ТИК ТОК ТВРДЕЛЕ ДЕКА СЕ ПОВРЗАНИ СО ИСЧЕЗНУВАЊЕТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Босанската полиција уапси три лица

ДЕВОЈЧЕТО ГО НЕМА: Зошто мајката на Данка не може да оди на полиграф?

ДЕВОЈЧЕТО ГО НЕМА: Зошто мајката на Данка не може да оди на полиграф?