СО ЛИСИЦИ ДОНЕСЕНА ОД ШУТКА: Катица Јанева втор пат на соочување со Русковска
Објавено во: Македонија 24 Септември, 2019
Катица Јанева која е третоосомничена за случајот „Рекет“, околу пладне со полициско возило и придружба од КПУ Затвор Скопје беше донесена на распит во Јавното обвинителство.
По втор пат Катица ќе се соочи со обвинителката Вилма Русковска но прв пат како осомничено лице.
Првиот пат Јанева беше сослушана на 20 август во својство на сведок, а следниот ден заврши во притвор.
Катица ќе го добие и известувањето дека е завршена истрагата во случајот во кој се гони за злоупотреба на службената положба.
Фото: принтскрин Тв21