25 Април, 2024
0.0280

Со нов закон по дански терк ќе се решаваат старите стечаи!

Објавено во: Економија 20 Ноември, 2013

Добивај вести на Viber

За помалку од една година треба да се решат застарените стечајни постапки, откако владата го усвои законот за финиширање на стечаите меѓу 1989 година и 2011 година. Ова значи дека треба за се затворат 300 постапки со законот одобрен вчета од Владата, а кој сега треба да се гласа во Собрание. Според премиерот Никола Груевски, голем дел од работниците ќе имаат корист од законот со кој се наложува продажба на имотот на стечајните фирми, а се воведува и обештетување за дел од работниците. „Некои од нив очекуваат дел од стечајната маса, ако оди во ликвидација, некаде можеби има услови за некоја реорганизација, некаде во ликвидација некој ќе ги купи објектите, машините итн, па ќе го обнови производството, па ќе вработи некои од поранешните вработени или нови вработени. Тие закочени стечајни постапки ќе бидат откочени, ќе бидат завршени и или ќе бидат реорганизирани или средствата, опремата, машините, халите ќе бидат продадени, а тој што ќе даде пари да ги купи веројатно нема да си ги чува, туку нешто ќе направи, а што и да прави, ќе значи отворање нови работни места", смета Груевски. Според него, овој закон е важен бидејќи фирмите кои заминале во стечај, наместо по застарени, ќе се уредуваат со новите закони.За законот пак премиерот вели дека е современ и правен по терк на тој во Данска. Помеѓу овие 300 компании се споменуваат ТИПО, дел од Железара, Маврово, МЗТ, Центро, Порцеланка,  ЗИК комбинатите, случајот Фиком и слично. На истата седница е усвоен и закон за вонсудско спогодување, за давање втора шанса на фирмите и избегнување на стечајот.  

Можеби ќе ве интересира

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?