21 Јануари, 2020
0.0473

Со новата регулатива ќе се поттикне конкуренцијата во сферата на платежните услуги

Објавено во: Финансии 03 Јануари, 2020

Со новата регулатива за платежни услуги и платни системи, којашто би требало да биде донесена оваа година, ќе се поттикне конкуренцијата во обезбедувањето на платежните услуги. А здравата конкуренција носи голем број предности и придобивки за граѓаните. Поконкретно, со новата регулатива би требало да се поттикне поголем обем на услуги, коишто би биле достапни за граѓаните по поволни цени. Вообичаено, со поголемиот спектар производи коишто се засноваат врз современи решенија се поттикнува и финансиската инклузија, којашто придонесува и за поголем, и за поинклузивен економски раст.

Ова го истакна гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска во интервјуто за МТВ емитувано вчеравечер, осврнувајќи се на очекуваните среднорочни ефекти од новиот Закон за платежни услуги и платни системи и соодветните подзаконски акти на коишто Народната банка и Министерството за финансии работеа изминатите две години, а коишто би требало да бидат донесени во 2020 година. Како што кажа гувернерката, новата регулатива ќе биде во голем дел усогласена со законодавството на Европската Унија и со стандардите и правилата за извршување на плаќањата во европските земји. По нејзиното донесување, првичните ефекти и придобивки се очекуваат во следните неколку години.

Во интервјуто, Ангеловска-Бежоска говореше и за остварувањата на македонската економија минатата година, како и за проекциите за годинава. Таа нагласи дека Народната банка и натаму ќе ја спроведува монетарната стратегија за одржување стабилен курс на денарот во однос на еврото, којашто е оптимална за нашата економија, имајќи ги предвид нејзините структурни карактеристики. Девизните резерви коишто се клучни за спроведување на монетарната политика, како што кажа и гувернерката, се на адекватно ниво, соодветно на монетарната стратегија.

„Една од главните позитивни одлики на нашата економија е стабилноста на банкарскиот систем. Најновите расположливи податоци упатуваат на тоа дека и натаму системот е здрав, стабилен и ликвиден, со високо ниво на адекватност на капиталот. Важно е и што продолжува процесот на подобрување на квалитетот на активата на банкарскиот систем.“ – истакна Ангеловска-Бежоска, посочувајќи и дека нивото на нефункционалните кредити континуирано се намалува.

Во завршницата на интервјуто гувернерката посака и во 2020 година да се создаваат услови за побрз, одржлив и поинклузивен раст на македонската економија, бидејќи како што кажа таа, само така ќе успееме да се доближиме до европското ниво на доход и до европскиот квалитет на живот.


Можеби ќе ве интересира

ЗАПРЕ РАСТОТ НА КИРИИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА: Берлин не е најскап

ЗАПРЕ РАСТОТ НА КИРИИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА: Берлин не е најскап

Поседуваат повеќе пари од сите жени во Африка

Поседуваат повеќе пари од сите жени во Африка

УНИБанка ќе исплатува камата за перпетуалните обврзници

УНИБанка ќе исплатува камата за перпетуалните обврзници

КОЈ ЗАРАБОТИ НАЈМНОГУ ПАРИ И Е НАЈБОГАТ ВО СВЕТОТ: Ниту Гејтс, ниту Безос, туку овој човек

КОЈ ЗАРАБОТИ НАЈМНОГУ ПАРИ И Е НАЈБОГАТ ВО СВЕТОТ: Ниту Гејтс, ниту Безос, туку овој човек

Ангеловска: Со сивата економија ќе се бориме и преку инспекции, но и со меки мерки

Ангеловска: Со сивата економија ќе се бориме и преку инспекции, но и со меки мерки

Се огласи и гувернерката Бежовска: Ги симнуваме каматите, но уште ни се повисоки од Европа

Се огласи и гувернерката Бежовска: Ги симнуваме каматите, но уште ни се повисоки од Европа

Уште една земја размислува за работна недела од четири дена

Уште една земја размислува за работна недела од четири дена

Сега се 5 отсто за кредити и 1,28 отсто за заштеди - каматите ќе паѓаат и натаму

Сега се 5 отсто за кредити и 1,28 отсто за заштеди - каматите ќе паѓаат и натаму

ИСТОРИСКИ НАЈНИСКА - НБМ ја симна основната камата на само 2 отсто

ИСТОРИСКИ НАЈНИСКА - НБМ ја симна основната камата на само 2 отсто