19 Март, 2025
0.0283

Со „PayByLink“ онлајн сервисот на НЛБ Банка, е-трговиjата станува достапна за секој трговец

Објавено во: Мои пари 13 Февруари, 2025 13:13

Добивај вести на Viber

Сведоци сме на интернет-револуција која од ден на ден доживува сѐ поголема експанзија во секој сегмент од општественото живеење, вклучувајќи го и доменот на трговијата. Наместо во традиционалната трговија и класичните физички продавници, сѐ поголем број на компании своите стоки и услуги почнуваат да ги нудат на интернет, а сѐ поголем број на потрошувачи потребните производи се одлучуваат да ги набават онлајн. Истражувањата покажуваат дека електронската трговија станува сѐ поатрактивна и врши своевидна револуција во начинот на тргување на глобално ниво, а со тоа и во навиките на потрошувачите ширум целиот свет.

Па така, бизнисите присутни на пазарот кај нас, со цел да станат поконкурентни и видливи кај потрошувачите, постојано се прилагодуваат на современите текови и потребите на клиентите, имплементирајќи нови современи технологии во продажбата на своите производи и услуги.

НЛБ Банка со цел да излезе во пресрет на малите и средни претпријатија, а воедно и следејќи ја својата стратегија за дигитално банкарство, неодамна ја воведе услугата „PayByLink“ која овозможува онлајн плаќање на добра и услуги со „VISA“ и „MasterCard“ платежни картички преку линк испратен од страна на трговецот до купувачот,што ја прави и прва банка во државата која го нуди овој сервис кој го револуционизира процесот за наплата и ја стимулира електронската трговија.

Како функционира „PayByLink“ и за кого е наменет?

„PayByLink“ сервисот е особено погоден за малите e-трговци кои сакаат да се присутни на онлајн пазарот, но не се во можност да развијат сопствена веб продавница и истата да ја интегрираат со банка.

Практично, НЛБ Банка му овозможува на трговецот „виртуелен“ начин за прифаќање на платежни трансакции со картичка, за кој не е потребно техничко знаење за користење, а самиот процес на креирање на линкот за наплата е брз и едноставен.Трговецот од НЛБ Банка добива пристап до e-commerce сервисот преку која генерира линк за плаќање, а до купувачот го испраќа преку е-маил или други електронски комуникациски канали кои овозможуваат транспарентно информирање и безбедно купување. Клиентот го отвора линкот за наплата,кој ги содржи потребните информации за комплетирање на трансакцијата, ја проверува содржината на нарачката и доколку сè е во ред, ги внесува деталите за својата картичка и го комплетира плаќањето.

„PayByLink“ е сигурен сервис и за трговецот и за купувачот и на исто безбедносно ниво заштитен како и класичниот виртуелен ПОС терминал.

Како до „PayByLink и кои поволности ги добиваат новите корисници?

За активирање на „PayByLink“ сервисот, сѐ што е потребно да направи трговецот е даима активна сметка во НЛБ Банка, да потпише договор со банката врз основа на кој му се овозможува пристап до порталот за креирање линкови за наплата, кои понатаму ќе може да ги споделува со своите клиенти преку различни комуникациски канали.

Причина плус за актививација на „PayByLink“ онлајн серивисот на НЛБ Банкаи поблиско запознавање со придобивките од е-трговијата, претставува промоцијата која ја нуди Банката. Имено, новите корисници кои до 25 мај, годинава ќе активираат „PayByLink“, добиваат 6 месеци бесплатно користење на услугата од датумот на активација на истата.

На овој начин, е-трговијата станува достапна за секој трговец. На малите бизниси им се нуди влез во онлајн пазарот и можност за истражување на поволностите кои ги нуди современиот електронски пристап до нови клиенти, прилагодувајќи се на новите навики и потреби на потрошувачите.

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

ООУ „Александар Македонски“ од Скопје единствено од Македонија ќе учествува на Светскиот шампионат FIRST LEGO League во Грција (ФОТО)

ООУ „Александар Македонски“ од Скопје единствено од Македонија ќе учествува на Светскиот шампионат FIRST LEGO League во Грција (ФОТО)

За Кочани, со срце – МТЕЛ Македонија донира 3.000.000 денари и повикува на солидарност

За Кочани, со срце – МТЕЛ Македонија донира 3.000.000 денари и повикува на солидарност

Аџибадем Систина спроведе меѓународен транспорт на повредени лица

Аџибадем Систина спроведе меѓународен транспорт на повредени лица

Клиничката болница „Аџибадем Систина“ со сите свои ресури се става на располагање за транспорт и прифаќање на повредените лица во трагичната несреќа во Кочани

Клиничката болница „Аџибадем Систина“ со сите свои ресури се става на располагање за транспорт и прифаќање на повредените лица во трагичната несреќа во Кочани

НОВОМАТИКМАКЕДОНИЈА ОДЛИЧЕН ПРИМЕР ЗА ОПШТЕСТВЕНА ОДГОВОРНОСТ

НОВОМАТИКМАКЕДОНИЈА ОДЛИЧЕН ПРИМЕР ЗА ОПШТЕСТВЕНА ОДГОВОРНОСТ

ЕЛЕНА ЛУКА во Софија добитник на престижната интернационална награда BEST BUSINESS AWARD

ЕЛЕНА ЛУКА во Софија добитник на престижната интернационална награда BEST BUSINESS AWARD

Промотивна фиксна камата од 2,9 отсто со новиот потрошувачки кредит на Иуте

Промотивна фиксна камата од 2,9 отсто со новиот потрошувачки кредит на Иуте

Антонио Велковски: Готвачот „Ајде да јадеме“ изобилува со вкусни и здрави посни оброци за секој ден

Антонио Велковски: Готвачот „Ајде да јадеме“ изобилува со вкусни и здрави посни оброци за секој ден

ЦЕФТА ја отвора вратата за раст на туристичкиот сектор во регионот

ЦЕФТА ја отвора вратата за раст на туристичкиот сектор во регионот