25 Април, 2024
0.0273

СО ПЛАТА СЕ ПРЕЖИВУВА: Од каде граѓаните наоѓаат плус пари за да живеат?

Објавено во: Економија 06 Јуни, 2019

Добивај вести на Viber

Во Македонија многу од граѓаните кои примаат мали плати се принудени да си обезбедат дополнителен приход за да го поминат месецот.

По завршување на работното време од 8 часа, дополнително даваат занаетчиски услуги, преведуваат, држат приватни часови, превезуваат патници, презентираат и продаваат производи. Ова го прават со цел да заработат нешто на процент или со одреден хонорар да си го пополнат домашниот буџет. Но, има и голем број граѓани кои е задолжени и живеат на кредит или со минус на картички. 

„Работам плус хонорарно, оваа година ми е јубилејна, две децении. Можам да кажам само позитивно, покрај финансиски бенефит голема љубов имам кон производите кои ги продавам (добар дел ги имам и ги користам). Имам и многу пријатели од цела држава. Кога се сака сѐ се може“, вели кумановка.

Граѓаните се сложуваат дека платите се мали и заработка плус е добредојдена.

„Мора да се работи нешто дополнително, и јас така работам откако знам за себе. Одам на работа, но и приватно работам што ќе најдам, инаку нема живот“, вели Јовица Деспотовски, граѓанин.

Секој сака поголема заработка и секој мисли како да опстане, вели младата Даниела Марковска.

„Платите во Македонија не се доволни за живот, и секој сака да заработи повеќе. Тоа е нормално, иако не сум запознаена на кој начин луѓето можат да заработат некој дополнителен приход“, рече таа.

И пензионерите се жалат дека со пензии од 12.000 денари многу тешко се опстанува.

„Во овие години каде да работам и дали се живее со пензија од 12.000 денари или 13.000 денари? Сега да земам од децата? Да работи нешто плус на овие години човек не може, тешко е за сите“, додава Јованка Николовска, пензионерка.

Две минимални плати не се доволни за потрошувачката кошничка. 

Вредноста на Синдикалната минимална кошница за април  2019 година изнесувала 32 990 денари. 42% од овие пари се трошат за храна и пијалоци, односно 13.909 денари.

Секој граѓанин просечно им должи на банките по околу 700 евра. Ова го покажуваат податоци објавени во март годинава. Најчесто ниските примања се причината поради која граѓаните се принудени да зeмаат кредити од банките. 

Домаќинствата кај  банките  и штедилниците на стартот на оваа година  должеле 2,5 милијарди евра. 

Од друга страна, просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во март 2019 година изнесувала 36 476 денари.

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди