19 Април, 2024
0.0256

Проект за зголемување на пазарната вработливост (ИМЕ), на Швајцарската агенција за развој и соработка Програма за плаќање по учинок (P4P) „Пристап до финансирање“

Со правилни консултантски услуги до поголем раст на компаниите и креирање нови работни места

Објавено во: Мои пари 04 Јули, 2022

Добивај вести на Viber

Во периодот 2020-2021 година, со помош на консултантските услуги обезбедени преку ИМЕ програмата за плаќање по учинок, 40-тина македонски компании обезбедија банкарски кредити во износ од околу 5 милиони  CHF.Компании чијашто дејност е земјоделство, туризам и информатичка технологија искористија консултантски услуги во нивниот процес на аплицирање за финансиски средства од банки или нефинансиски институции и програми.Со добиените дополнителни финансиски средства, компаниите овозможија континуитет на своето работење и истовремено подобрување на нивните перформанси.

„Консултантите помагаат на компаниите да донесат најдобра одлука во искористување на сопствените и средствата добиени од кредит, а со тоа оптимално да ги планираат обртните средства и димензионираат инвестициите што ќе им овозможи брз раст и развој“.изјави Тања Георгиевска, заменик тим лидер на ИМЕ Програмата.

Со цел подетално да се согледа влијанието на програмата за плаќање по учинок врз работењето на компаниите, ги прикажуваме остварувањата на девет компании, селектирани според секторската и регионалната припадност. Имено, овие компании се наоѓаат во југоисточниот дел од нашата земја, и главната дејност им е откуп и продажба на овошје и зеленчук на големо.  

  Во втората половина на 2021 година, со помош на консултантските услуги овозможени од ИМЕ, овие девет земјоделски компании искористија кредити од комерцијалните банки во износ од 860.061 CHF. Обезбедените финансиски средства, помогнаа компаниите да остварат дополнителна продажба од околу 2 милиона CHF, што преставува скоро една третина од нивната вкупна продажба. Со помош на средствата добиени од кредит, дел од компаниите ја подобрија својата ликвидност која беше намалена како резултат на претходно реализирани инвестиции. Останатите компании пак успеаа да ја  реализираат редовната сезонска набавка на суровини и тоа во поголем обем од претходно.

  „Набавката на поголеми количини на суровини на зеленчук во пресрет на сезоната беше неопходна за нормално функционирање на бизнисот. Поради, претходно инвестираните сопствени средства во изградба на откупен центар не бевме во можност самостојнода обезбедиме финансиски средства за набавка и имавме неопходна потреба од кредит “- велат од една од компаниите, корисник на програмата за Плаќање по учинок.

  Во услови на зголемена продажба, деветте земјоделски компании во втората половина на 2021 остварија вкупен нето-приход од околу 1 милион CHF, што е значителен придонес во нивното тековно работење, имајќи во предвид дека станува збор за мали компании со 3-5 вработени.Истовремено, овие компании остварија вкупно 11 нови вработувања и дополнителни 32 сезонски вработувања, главно како резултат на зголемување на нивните активности. Обезбедените финансиски средства помогнаа на земјоделските компании да ги подобрат релациите со тековните клиенти, пристап до нови пазари како и соработка со нови странски купувачи. Следствено, вкуниот извоз на овие компаниите во 2021 година на годишно ниво се зголеми за 16%,  при што една третина од ова зголемување е помогнато од обезбедените дополнителни финансиски средства од банките.

  Во втората половина на 2021 година, деветте земјоделски компании остварија вкупна набавка од околу 6,7 милиони CHF, при што околу 12% од набавката е со помош на средствата од добиениот кредит. Компаниите склучиле и договори со нови добавувачи, при што во зависност од нивната потреба бројката се движела од 3 до 10 нови добавувачи по компанија.

  Дополнителните финансиски средства како и добиената консултантска помош, придонесе кон долгорочни промени кај компаниите-корисници. Зголемениот обем на работење и пристапот на нови пазари, создадоа услови компаниите да размислуваат за проширување на своите капацитети и нови инвестиции.

 „Набавката на поголеми количини на суровини на зеленчук, непосредно во почетокот на сезоната на берба допринесе да одговориме на зголемената побарувачка на домашните и странски купувачи. Расположливите финансиски средства од одобрениот кредит ни овозможија реализирање на поголеми сезонски набавки “.- велат компаниите. Една од нив, средствата од кредитот ги искористи за проширување на капацитетите и инвестирање во изградба на нов објект од 450м2 во склоп на кој ќе има и разладни комори од 80м2 за чување на овошје и зеленчук. Дополнително се размислува и за линија за конзервирање и пакување на зеленчук што дополнително ќе допринесе за производство на финален производ со поголема додадена вредност

ИМЕ програмата ќе продолжи да го унапредуваеко системот од консултанти кои даваат услуги за развој на бизнисот (BDSPs) преку поддршка за пристап до финансиски средства и фондови, аплицирање за различни заеми и можности за аплицирање за грантови. Оваа техничка поддршка за компаниите преку инструментот “Плаќање по учинок” овозможува подобрување на квалитетот на производите и услугите, можности за настап на нови пазари и креира предуслови за создавање нови одржливи работни места за високо квалификуваниот кадар во Северна Македонија, особено за жени и млади.


Можеби ќе ве интересира

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

ВТОРА ГОДИНА ПО РЕД „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ПРОГЛАСЕНА ЗА НАЈПОСАКУВАН РАБОТОДАВЕЦ

ВТОРА ГОДИНА ПО РЕД „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ПРОГЛАСЕНА ЗА НАЈПОСАКУВАН РАБОТОДАВЕЦ

Бидете во чекор со светските модни трендови за вашата матурска вечер

Бидете во чекор со светските модни трендови за вашата матурска вечер

Вработување.ком: ТАВ Македонија е најпосакуван македонски работодавач за 2023

Вработување.ком: ТАВ Македонија е најпосакуван македонски работодавач за 2023

Ново екстра модерно казино „Luxor“ сопственост на APEX на граничниот премин Блаце!

Ново екстра модерно казино „Luxor“ сопственост на APEX на граничниот премин Блаце!

Промоција и дегустација на уникатна колекција вина на Alchemist

Промоција и дегустација на уникатна колекција вина на Alchemist

Паком ги претстави последните возбудливи иновации на Vivax Cool Day 2024

Паком ги претстави последните возбудливи иновации на Vivax Cool Day 2024

„Макпетрол“ најпосакуван работодавач помеѓу нафтените компании за 2023 година

„Макпетрол“ најпосакуван работодавач помеѓу нафтените компании за 2023 година