18 Април, 2024
0.0265

Со спектакуларен настап на Ванеса Меј започна „Охридско лето“

Објавено во: Мои пари 13 Јули, 2019

Добивај вести на Viber

Охрид вчеравечер блесна во полн сјај за свеченото отворање на 59. издание на „Охридско лето”. Неколкуилјадната публика, во традиционално преполниот Антички театар уживаше во спектакуларниот концерт на светски популарната виолинистка Ванеса Меј, која настапи во придружба на Македонската филхармонија, под диригентската палка на маестро Иван Кожухаров од Бугарија.

Одличниот настап на една од најдобрите виолинистки на денешницата донесе радост и задоволство кај присутните, но и многу еуфорија и големи очекувања од годинашното „Охридско лето”. Охрид до крајот на август ќе биде културен центар на Балканот, на којшто ќе настапат врвни домашни и странски познати имиња од светот на културата и уметноста! Mанифестацијата ја отвори Меј, којашто го носи епитетот светско чудо, но програмата на „Охридско лето“ и во следните четириесет дена ќе им овозможи на посетителите да уживааат во 45 исклучително интересни, но пред сè различни музички и драмски содржини.

Светски познатиот фестивал се реализира со поддршка од Македонски Телеком. Со ова традиционално партнерство, компанијата ја потврдува својата заложба за поддршка на настани од особена важност за културата и уметноста во Република Северна Македонија.

Можеби ќе ве интересира

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

ВТОРА ГОДИНА ПО РЕД „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ПРОГЛАСЕНА ЗА НАЈПОСАКУВАН РАБОТОДАВЕЦ

ВТОРА ГОДИНА ПО РЕД „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ПРОГЛАСЕНА ЗА НАЈПОСАКУВАН РАБОТОДАВЕЦ

Бидете во чекор со светските модни трендови за вашата матурска вечер

Бидете во чекор со светските модни трендови за вашата матурска вечер

Вработување.ком: ТАВ Македонија е најпосакуван македонски работодавач за 2023

Вработување.ком: ТАВ Македонија е најпосакуван македонски работодавач за 2023

Ново екстра модерно казино „Luxor“ сопственост на APEX на граничниот премин Блаце!

Ново екстра модерно казино „Luxor“ сопственост на APEX на граничниот премин Блаце!

Промоција и дегустација на уникатна колекција вина на Alchemist

Промоција и дегустација на уникатна колекција вина на Alchemist

Паком ги претстави последните возбудливи иновации на Vivax Cool Day 2024

Паком ги претстави последните возбудливи иновации на Vivax Cool Day 2024

„Макпетрол“ најпосакуван работодавач помеѓу нафтените компании за 2023 година

„Макпетрол“ најпосакуван работодавач помеѓу нафтените компании за 2023 година