20 Април, 2024
0.0344

Со стратегија до поголем економски раст: Експертите очекуваат рударството да даде сериозен удел

Објавено во: Економија 28 Март, 2019

Добивај вести на Viber

Стратегија за зголемување на економскиот раст со гранки кои осигуруваат повисоки стапки и индустријализација бараат економските експерти. Велат дека во Македонија мора да се одредат подолгорочни приоритети и државата да се фокусира на исполнување на целите со стимулирање на растот на гранките кои го билдаат индустриското производство. Тврдат дека потребно е државата, како што ветува да го успее да го ангажира градежништвото, од што ефект ќе има и на долг рок. Сепак аналитичарите велат дека не треба да се занемаруваат и другите гранки, особено рударството па и земјоделството, кои имаат значаен удел во БДП, со што ќе се „билда“ идниот економски раст и ќе се креираат нови вработувања особено на локално ниво.

Познавачите со кои разговаравме велат дека во последно време има широка дебата за рудниците и тврдат дека низ таква треба да се направи точна стратегија за тоа како ќе се развива оваа гранка. Сепак се децидни дека ако се почитуваат еколошките стандарди, рудниците и се потребни на Македонија исто како и земјоделството. Деканот на Рударскиот факултет професорот Зоран Десподов вели дека нема дилема оти двете гранки можат да функционираат заедно.

„Едната гранка не ја исклучува другата. Дали рудниците имаат влијание на земјоделството – можеби, но важно е да се нагласи дека рудници има во развиените земји и ако се градени по стандарди тие воопшто не го загрозуваат другото производство. Државата мора да прави стратегии и да функционира за да има економски бенефит. Не за да има негативно влијание за околината, или за другите економски гранки. Ако рударството се прави по светски стандарди, ако се работи по светски стандарди и по сите најнови практики мислам дека влијанието нема да се испитува во насока дали е штетно или не, туку кој економски бенефит го носи, вели Десподов.

Тој потенцира дека е важно државата да се грижи за екологијата и за здравјето на граѓаните, особено на храната која ја консумираат. Затоа, вели, секоја идна одлука е важна.

Сличен став има и професорот Борис Анакиев. Тој е земјоделски економист и вели дека во моментов е доста важно да се направи опсежна анализа за ефектите од рудниците, за загадувањето. Вели дека државата мора да бара рудниците да ги исполнуваат стандардите, но не да ги отфрла затоа што од нив има економски бенефит.

„Некако помодарство се создаде дека сѐ загадува, а ставовите се градат без анализа, не се знае што точно загадува, колку и како. Македонија е земјоделска земја но не треба да се откажеме од сите активности. Факт е дека државата не може без енергија, дај боже да ја искористиме енергијата од сонцето, но засега не можеме и без другите гранки. Сиромашни сме и имаме ограничени земјоделски капацитети. Затоа државата треба да биде арбитер. Ако е црно нека биде црно, ама ако не е така да им се дозволи на рудниците да функционираат. Ако интересот е на економијата ќе треба да разбереме дека тоа е така. Македонија не е единствена држава каде има рудници, вели Анакиев.

Тврди дека секако секој рудник мора да почитува стандарди, а државата посериозно да се зафати да ги утврдува нејзините приоритети, особено затоа што ни треба економски раст.

Фактор веќе пишуваше дека според статистиката рударството вработува околу 6.500 луѓе кои имаат просечна нето месечна плата од 486 евра. Оваа гранка учествува со 152 милиони евра или 1,5 отсто во БДП, а нето извозот на метали е 135 милиони евра. Годишно од рударството во буџетот се плаќа по околу 50 милиони евра од придонеси. Инаку директниот ефект по вработен во БДП е околу 23.100 евра од човек. Според анализите секое едно евро во рударството генерира вкупно пет евра.

За споредба, земјоделството има поголем удел во БДП или речиси осум отсто. Нето извозот изнесува 112 милиони евра, а државата плаќа на годишно ниво по основ на субвенции околу 90 милиони евра годишно. Земјоделството генерира од секое евро нови 1,8 евра.

Веќе има најави за нови инвестиции во рударскиот сектор, и тоа во Струмичко, кои по својот обем и севкупен економски импакт ќе се класифицираат веднаш меѓу најголемите гринфилд странски инвестиции воопшто во сите индустрии од постоењето на државава.

A.T.

Можеби ќе ве интересира

НИКОЛОСКИ НА СРЕДБИ ВО ММФ: Здравите економски политики поттикнуваат забрзување на економскиот раст

НИКОЛОСКИ НА СРЕДБИ ВО ММФ: Здравите економски политики поттикнуваат забрзување на економскиот раст

ГРАЃАНИТЕ СЕПАК ШТЕДАТ: Koлку се зголемени вкупните депозити на домаќинствата?

ГРАЃАНИТЕ СЕПАК ШТЕДАТ: Koлку се зголемени вкупните депозити на домаќинствата?

ММФ: Kaкви се оценките за руската економија?

ММФ: Kaкви се оценките за руската економија?

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?