Со утрешното доаѓање на Хан почнува скрининг процесот
Објавено во: Македонија 16 Јули, 2018
Утре во земјава доаѓа европскиот комесар за соседска политика и преговори за проширување.
Со доаѓањето на Јоханес Хан почнува скринингот процесот на земјата за отпочнување преговори за членство во Унијата.
Хан најпрво ќе има средба со првиот човек на Владата Зоран Заев а веднаш потоа со собранискиот спикиер Талат Џафери и опозицискиот лидер Христијан Мицкоски.
Според агендата европскиот комесар ќе има обраќање пред леновите на Националниот совет за евроинтеграции во Собранието а по завршување на средбите во Скопје, утре попладне ќе замине за Тирана.