20 Април, 2024
0.0284

СОБРАНИЕТО ЈА ПОЧНА СЕДНИЦАТА: Се носат измените на законите за основно и средно образование кои ќе важат во вонредни услови

Објавено во: Македонија 21 Септември, 2020

Добивај вести на Viber

На десеттина дена пред почетокот на новата учебна година, Собранието денеска ќе ги носи измените на законите за основно и средно образнование. Овие два закони се важни, како што во изминатиот период истакнуваа властите, пред се поради тоа што во Македонија до сега немаше законска рамка како да реализира образовниот процес не само во време на пандемија, туку воопшто во кризни состојби како што се поплави, земјотреси и други елементарни непогоди.

Според министерката за образование, Мила Царовска, законските измени ќе овозможат, конкретно во кризата со епидемијата на корона вирусот да се заштитат и децата и просветните работници, а со тоа ќе може наставата непречено да се одвива во текот на училишната година.

Според предложените измени бројот на наставните денови во учебната година може да биде помал од 180, но не помалку од 100 наставни денови. Со тоа што е предвидено, учебната година да почне на 1.октомври, децата ќе учат 159 дена. Измените предвидуваат настава со физичко присуство и онлајн, а во текот на изминатата недела министерот за здравство Венко Филипче најави дека доколку епидемиолошката слика остане стабилна ќе дозволат и други одделенија да имаат настава со физичко присуство, а не само учениците од пево до трето одделение. 

А.Б.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите