Собранието ќе носи закони по скратена постапка: Гарантиран минимален приход наместо социјална помош
Објавено во: Македонија 21 Мај, 2019
Во законодавниот дом денеска ќе се носат пакет закони по скратена постапка.
Продолжуваат двете седници на кои пред пратениците се пакетот социјални закони во кои спаѓаат предлог законот за социјална заштита, за социјална сигурност за старите лица и за заштита на децата.
Како што беше презентирано овие закони би требало да воведат гарантиран минимален приход кои ќе овозможи да се зголеми помошта која ја добиваат корисниците во државата.
Овие закони исто така би требало да го олеснат и достапот до детски и образовен додаток.