18 Април, 2024
0.0240

СОЦИЈАЛЕН КАПИТАЛ ВО ЗЕМЈОДЕЛСТВОТО

Објавено во: Колумни 10 Февруари, 2018

Добивај вести на Viber

Развојот на земјоделството и селските реони во Македонија ќе навлегува во блиска иднина во важен развоен период. Настапуваат сериозни подготовки за започнување на преговори за членство во ЕУ. Предизвиците на присоединувањето доаѓаат како од неопходноста да се прифатат и применат многубројни регулативи во фитосанитарната  и ветеринарно - медицинската област, така и од потребата за создавање на услови за примена на мерките на заедничката аграрна политика на ЕУ.

  На основниот предизвик на патот кон интегрирање во ЕУ продолжува да биде задачата за зголемување на ефективноста и конкурентската способност на македонското земјоделство и подобрување на животот на селските реони.  Далеку најголем дел од земјоделските стопанства се ситни. За нив е карактеристично дека не располагаат со доволно пазарни информации, немаат добро управување и пристап до пазарот. Еден од главните проблеми е како луѓето во селските реони во услови на недоволни финансиски ресурси и ограничен пристап до пазарот, можат да ја подобрат својата положба. Еден од тие достапни фактори е можноста луѓето да ги обединат силити во остварувањето на определени општи цели. Обединувањето на земјоделството во организации и мрежи ќе ги подобри ефектите и продуктивноста на производството, но ќе овозможи тие да учествуваат во расподелбите. Ситните произодители ќе добијат пристап до нови извори на доход преку создавање од нив организации и мрежи, кои во други случаи ќе бидат несоодветни. Таа можност и способноста на луѓето да се самоорганизираат може да се определи како социјален капитал. 

   Социјалниот капитал и економски развој. Од почетокот на деведесетите  години, истражувањата за способностите на луѓето да се самоорганизираат се прави во рамките на концептот за социјален капитал. Овој термин се користи во многу економски и социолошки истражувања, кога се дефинира на различни начини. Некои автори сметаат дека социјалниот капитал е квалитет на индивидуи во социјален контекст. Користењето на тој поим во икономиката се поврзува со испитувањата на Олсон,(1992) за логиката на колективните дејствија, што се смета како најважно истражување. Тој ги разгледува стимулациите, поддршките и очекуваните добивки како основни фактори кои ги мотивираат луѓето да делуваат заедно.

  Независно од тоа, дека нема општо прифатлива дефиниција за социјалниот капитал, а базирајќи се на стојалиштето на Путман (1993), прифаќаме дека социјалниот капитал се состои од социјални мрежи и соодвтните норми кои ја дефинираат продуктивноста на општеството. Тоа значи дека социјалниот капитал може да се смета за производек фактор. Основен белег на социјалниот капитал е дека тој ја олеснува координацијата и кооперацијата за взаемна погодност на членовите на една асоцијација.

  Социјалниот капитал може да се смета како производен фактор, кој може да биде создаван, подновуван и во тесна смисла на зборот, капитал разменуван индивидуално. Сепак, практично тоа е невозможно, бидејќи тој се дефинира пред се од взаемни човечки односи.

  Методологија. Социјалниот капитал е релативно различен од земја до земја. За да се согледа неговиот обем, специфичност и функција на делување и резултат, треба да се спроведат истражувања. Сепак основна цел на истражувањето е да се утврди степенот на развој на социјалниот капитал во земјоделството. Независно од големината и бројот на организации, како и нивната важност за земјоделските производители се определува истражувањето, како основен индикатор за степенот на равој на капиталот. Како критериум за утврдување  на социјалниот капитал се користи регистрацијата на организацијата на национално ниво, бројот на членови, година на формирање, постоењето на нивни регионални структури, годишен буџет и соодветен дел на членски внос во годишниот буџет.

Изборот на критериумите треба да се сообразува со расположливите информации во земјата.

  Организациите на земјоделските производители најчесто се составени од асоцијации заштитници на интересните организации за маркетинг (лобирачки структури), како и организација за маркетинг, обуки и давање совети. Истражувањето за утврдување на состојбата на социјалниот капитал  опфаќа организации кои се на национално ниво, како и асоцијации на земјоделски производители, кооперативи, земјоделски комори, како и специјализирани асоцијации на земјоделски производители. Политички партии , како и социјални, кутурни и религиозни организации на земјоделски производители не се вклучуваат во истражувањето. Тоа од причина, што нивното влијание врз социјалниот капитал помеѓу производителите не може да се оцени.

   Првостепената задача на истражувањето е да се утврди бројот на организациите на земјоделските производители и да се оцени нивната важност за нивните членови.

  Пред десетина години, преку користење на структурен прашалник на институтот ИАМО од Хале-Германија биле собрани информации за дел од земјите на Централна и Источна Европа по следните показатели: име на организацијата, основна област на делување, број на членови, година на  формирање или повторно формирање, регионална структура, годишен буџет, релативниот однос на членскиот внос во годишниот буџет.  

   Мислам дека досега никој не го истражувал социјалниот капитал по ниедна основа во Македонија, затоа не се знае дали од социјалниот капитал имаат полза земјоделските производители, кои имаат посериозни проблеми од европските земјоделци.

Проф.Др.Борис Анакиев

Можеби ќе ве интересира

Кина и Русија продолжуваат со градењето на мултиполарниот поредок

Кина и Русија продолжуваат со градењето на мултиполарниот поредок