22 Март, 2023
0.0386

Софија бара реакција и за „вознемирувањето“ на лицата со бугарско државјанство во Македонија

Објавено во: Македонија 27 Ноември, 2020

Добивај вести на Viber

Бугарија ги цени брзите потези на властите во Скопје за палењето на бугарското знаме и манифестациите на говор на омраза на социјалните мрежи, но очекува брза реакција и за тоа што податоци за лица со бугарско државјанство кои живеат на територијата на Република Северна Македонија биле дистрибуирани на фејсбук. Ова му било кажано на вршителот на должност амбасадор на Република Северна Македонија кој вчера беше повикан во Министерството за надворешни работи на Бугарија.

Како што јавија од Министерството по средбата, Бугарија очекува тие податоци и реакциите на граѓаните кон лицата со бугарско државјанство да запрат.

Како што посочуваат бугарските медиуми, станува збор за групата на Фејсбук „Ајде да плукаме по Бугари и бугараши“, во која се пласираат навреди и говор на омраза кон Бугарите, „повици за физичко насилство кон бугарофилите и за напаѓање на бугарските туристи во Македонија“, како и објавен список за плукање по „истакнати македонски бугараши“.

„Оваа ФБ група докажува дека правилно сме им ја покажале вратата“. „Го заслужуваат ветото. Овие луѓе не са зрели за ЕУ“, се дел од коментарите во бугарски медиуми.

Инаку и премиерот Зоран Заев во интервјуто за БГНЕС рече дека Македонија брзо реагирала за знамето и за говорот на омраза на фејсбук. Тој рече дека во најбрз можен рок го разрешиле Зоран Иванов, претседателот на Надзорниот одбор на МИА.

Дали видовте како реагиравме веднаш? За 30 минути дадов предлог за разрешување. Ваш колега новинар - во име на новинарите, владата предложи да биде претседател на Надзорниот одбор на Медиумската информативна агенција (МИА). Во оваа ситуација, премиерот и министерот за надворешни работи веднаш дадоа предлог до владата за негово разрешување. Тоа беше во четвртокот и денес ова прашање веќе е решено“, рече Заев во интервјуто.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Затвореници копале тунел за бегство од Идризово, полицијата ги откри

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Затвореници копале тунел за бегство од Идризово, полицијата ги откри

Анастасовска: Јанкулоска уште еднаш покажува дека е поголем маж од нејзините бивши колеги и претпоставени

Анастасовска: Јанкулоска уште еднаш покажува дека е поголем маж од нејзините бивши колеги и претпоставени

Артан Груби: Баскетот ми е од Перо Антиќ, голчето од ФФМ, а топката од Наумче

Артан Груби: Баскетот ми е од Перо Антиќ, голчето од ФФМ, а топката од Наумче

Кој е новиот в.д. директор на Фондот за ПИОМ?

Кој е новиот в.д. директор на Фондот за ПИОМ?

Изет Меџити: Не ми е јасно од каде наоѓа Груби пари за толку скапи пејачи

Изет Меџити: Не ми е јасно од каде наоѓа Груби пари за толку скапи пејачи

Диви наплаќачи на слободниот паркинг спроти Ист Гејт Мол

Диви наплаќачи на слободниот паркинг спроти Ист Гејт Мол

НЕ ЗАБОРАВАЈТЕ: Викендов треба да ги поместите стрелките на часовникот

НЕ ЗАБОРАВАЈТЕ: Викендов треба да ги поместите стрелките на часовникот

Управа за извршување на санкции: Пронајден е подземен недовршен тунел од околу 50-тина метри на потегот од објектите кои се рушат

Управа за извршување на санкции: Пронајден е подземен недовршен тунел од околу 50-тина метри на потегот од објектите кои се рушат

Ковачевски: За мене етничка припадност не е професија

Ковачевски: За мене етничка припадност не е професија