20 Април, 2024
0.0265

Софија: РСС ја продлабочи регионалната соработка во сите сектори

Објавено во: Балкан 17 Мај, 2018

Добивај вести на Viber

Регионалниот совет за соработка(РСС) успеа со своите активности и со напорите на земјите од Западен Балкан да ја продлабочи регионалната соработка во речиси сите сектори – изјави денеска генералниот секретар на РСС Горан Свилановиќ во Софија.

Говорејќи на Самитот на Европската унија и Западен Балкан во име на Советот, која што е единствена меѓувладина организација на земјите членки на Процесот за соработка во ЈиЕ (ПСЈИЕ), Свилановиќ подвлече дека резултатите се особено видливи во соработката за движењето на работната сила и економската и дигиталната поврзаност на регионот, како делови од Повеќегодишниот акциски план(ПАП), усвоен лани во Трст.

Резимиријаќи ги извештаите добиени од шесте земји од регионот Свилановиќ, како што соопшти РСС, ги претстави главните резултати содржани во нацрт извештајот за спроведување на планот за заеднички економски простор (ПАП – ЗЕП):

-Инвестициона агенда:сите шест економии од ЗБ ја подржаа Регионалната агенда за реформи во областа на инвестициите со соодветна група на политики и го усогласија политичкиот документ за координација на финансиските пазари и диверсификацијата на пристапот кон пазарите на капиталот.

-Дигитална интеграција: регионот покрена политички дијалог на високо ниво за дигитализацијата на шесте земји од Западен Балкан (ЗБ 6) по пат на годишни дигитални самити, а првиот беше одржан во Скопје на 18 и 19 април 2018 година. Советот ги повика тимовите за одговор на компјутерските безбедности инциденти од шесте економии на ЗБ и нивните претставници ги вклучи во активности за изградба на капацитети, со што се засилуваат капацитетите за кибернетичка сигурност и се унапредува соработката меѓу тимовите од регионот. Освен тоа РСС постигна спогодба постоечката Регионална спогодба за роамингот да се продолжи и да се воведе принципот во шесте земји „во роаминг, исто како дома“.

- Агенда за мобилност: шесте економии од Западен Балкан ја подржа препораката за отпочнување преговори за спогодба за заемно признавање на стручните квалификации. РСС посредуваше и при усогласување на клучните принципи на заедничкиот модел за автоматско признавање на академските квалификации на Западен Балкан.

Свилановиќ го поздрави барањето на лидерите на шесте земји од Балканот да се зголемат уште повеќе напорите за спроведување на ПАП, за кој рече во заклучокот дека е одлично интерно усогласен со обврските во сите нивоа и во фаза на реализација, но и дека се потребни уште повеќе проекти и активности за неговото натамошно што поуспешно спроведување.

Регионалниот совет за соработка е меѓувладинот тело на ПСЈИЕ, чиј основач и полноправен челне е Република Македонија, а од минатиот самит во Трст му е дадена клучна улога да ја координира соработката во регионот.


Можеби ќе ве интересира

ВУЧИЌ ЗА КОСПОНЗОРСТВОТО НА МАКЕДОНИЈА ЗА СРЕБРЕНИЦА: Претпоставувм дека тоа е благодарност за она што го направивме за Скопје

ВУЧИЌ ЗА КОСПОНЗОРСТВОТО НА МАКЕДОНИЈА ЗА СРЕБРЕНИЦА: Претпоставувм дека тоа е благодарност за она што го направивме за Скопје

СРПСКИ МЕДИУМ: Братот на осомничениот за убиството на Данка Илиќ починал од насилна смрт

СРПСКИ МЕДИУМ: Братот на осомничениот за убиството на Данка Илиќ починал од насилна смрт

ПРАВАТ СЀ ЗА ДА СЕ „ОТКАЧАТ“ ОД ТУРИСТИТЕ - една од најпопуларните европски атракции е избришаnа од GOOGLE и APPLE MAPS

ПРАВАТ СЀ ЗА ДА СЕ „ОТКАЧАТ“ ОД ТУРИСТИТЕ - една од најпопуларните европски атракции е избришаnа од GOOGLE и APPLE MAPS

ГРЦИТЕ БИ САКАЛЕ ДА ГИ ИЗБЕГНАТ „ПАТЛИЏАН“ ТУРИСТИТЕ: Еве каква храна се одзема на граница и што е забрането да се носи при влез

ГРЦИТЕ БИ САКАЛЕ ДА ГИ ИЗБЕГНАТ „ПАТЛИЏАН“ ТУРИСТИТЕ: Еве каква храна се одзема на граница и што е забрането да се носи при влез

„МИЛОШ, МИ ЈА НЕМА ДАНКА!“: Еве како таткото на малото девојче дознал дека му исчезнало детето - го опиша секој детал

„МИЛОШ, МИ ЈА НЕМА ДАНКА!“: Еве како таткото на малото девојче дознал дека му исчезнало детето - го опиша секој детал

ЗА ВРЕМЕ НА ВИКЕНДОТ, ВО РЕГИОНОТ ЌЕ ПАДНЕ ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ СНЕГОВИ ЗА ГОДИНАВА: Следува многу постудено време

ЗА ВРЕМЕ НА ВИКЕНДОТ, ВО РЕГИОНОТ ЌЕ ПАДНЕ ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ СНЕГОВИ ЗА ГОДИНАВА: Следува многу постудено време

НА ЕДНА ПЛАНИНА ВО СОСЕДСТВОТО ИМА ЗЛАТО ЗА ПОЛА ЕВРОПА: Стрикленд Металс влезе во „профитабилната српска игра за злато“

НА ЕДНА ПЛАНИНА ВО СОСЕДСТВОТО ИМА ЗЛАТО ЗА ПОЛА ЕВРОПА: Стрикленд Металс влезе во „профитабилната српска игра за злато“

ДАЧИЌ: Дали Османи зборува во името на цела Северна Македонија, македонскиот или албанскиот народ?

ДАЧИЌ: Дали Османи зборува во името на цела Северна Македонија, македонскиот или албанскиот народ?

ПАРЛАМЕНТОТ НА РЕПУБЛИКА СРПСКА ГО НЕГИРА ГЕНОЦИДОТ ВО СРЕБРЕНИЦА: Велат дека го подигнуваат нивото на национална свест

ПАРЛАМЕНТОТ НА РЕПУБЛИКА СРПСКА ГО НЕГИРА ГЕНОЦИДОТ ВО СРЕБРЕНИЦА: Велат дека го подигнуваат нивото на национална свест